Во пресрет на историскиот состанок, чекајќи ја долгоочекуваната и заслужена одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ наидуваме повторно на недифинирана разрешница. За потсетување, после решение на децениските проблеми со Бугарија, договорот и решението на добро познатиот проблем со Грција за кој Европската унија повеќе од 10 години ни нагласуваше дека ако се реши Македонија ќе си го добие своето место во Европа ние повторно наидуваме на скептицизам од земја членка на Европската унија.

Bojan UK

Париз е нерешителен, информациите велат дека Макрон сеуште размислува дали да даде “зелено светло“ за старт на европската приказна за Македонија. Од другата страна, стои поддршката од врвот на политичката елита на Европската унија, Хан и Могерини во повеќе наврати се обратија пред јавноста со јасна поддршка и добивање на датум. Холандија не издвои од Албанија со образложение дека сме далеку понапред со реформскиот пакет и дека ќе поддржи таканаречено проширување на Европската унија. Бундестагот со огромен процент “ЗА“ ја изгласа поддршката за Македонија, но повторно, што се случува во Париз? Канцеларката Меркел веќе лично разговара и ги убедува претставниците на француската влада во тоа што е јасно за цела Европа, а тоа е дека Македонија го заслужи овој датум за почеток на преговори.

Да се навратиме некаде 10 тина месеци назад, што се случуваше во Франција. Во Франција се појави граѓанско движење, таканаречени “жолти елеци“ кои преку граѓанска непослушност со свои барања се обратија кон владата на Макрон, за еден тон суштински промени и реформи. Зголемениот данок за гориво беше само искра за почеток на пламенот. Потребите на ниската и работничката класа и нивно решавање беа приоритет за да прекинат и така ескалираните протести. На крај барањата беа прифатени и ситуацијата првично се смири. Прашањето е, на една Франција економски моќна, на една од носителите членки на Европската унија и се случи едно ревидирање на одлуки и граѓанска непослушност, како без еден ветар во грб на една мала земја која е во фаза на буквално економско и реформско “реновирање“ без менторство од ЕУ ќе остане стабилна и просперитетна во еден и така политички кревок и несигурен Балкан.

Фактите се на наша страна, храбро покажаме каде сме и каде сакаме да бидеме. Се решаваа нерешливите прашања и се отвараа децениски нерешливи проблеми. Граѓаните се определија, сакаат да живеат во Европска Македонија. Кога сме во период кога радикалниот национализам е сеуште присутен а Европа вели дека сака да биде отворена и демократска, сметам дека просперитетот и иднината на овој регион, на западен Балкан зависи од одлуката која ќе се донесе во наредните денови. Одлуката нека биде Европска, Франција нека биде пример за европска политика и одлуки а Македонија да стане европска држава.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl