47682731 984689388383008 4338652847181660160 n

Ни на сон не ми одеше дека еден ден ќе бидеме во центарот на европските разговори, дека земјите членки на Европската Унија ќе не стават на секојдневната агенда, дека ќе дебатираат за нашата земја, дека ќе аргументираат со за и против на состаноци на европско ниво. Во исчекување на одговори, кога си во исчекување е најтешко, а ти мал и немоќен.


Процес на преговори, долг и макотрпен, од 1991 па до ден денес стратешка определба, Европска Унија. Долги години преговори, негативни и позитивни извештаи, разни политички гарнитури со разни ветувања но со еден одговор, реформи и решение на спорови. Дали некој сакал или не сакал да ги реши споровите не навлегувам, знам само дека имаме повеќе од 400 000 иселени низ светот, знам дека немаме многу време за враќање во минатото и знам само дека само таа определба ги држи младите во татковината, желбата за европски вредности, демократија, еднаквост и работнички права, социјална правда и младинска вклученост.

Рака на срце, заслуживме. Отворени беа неотворените прашања, отворени беа најболните теми и јавно се разговараше за проблеми за кои се избегнуваше да се разговара повеќе од 20 години. Да се потсетиме, решен е спорот со Грција, тој спор за кој беше кажано дека е најголемата пречка зошто не сме дел од Европската Унија. Договорот со Бугарија и отварање на историски прашања го зацврстија односот со соседите, па слободно кажувам дека сме единствена земја на Балканот што нема спор со соседите моментално. Длабоки реформи и уште многу други решени проблеми. Ако ме прашате дали е доволно? Ќе ви одговорам не, ама ни треба тој ветер во грб за да продолжиме поенергично и посветено напред, за кога ќе дојде време спремни да влеземе во европското семејство како полноправни членки.

Европо, ви се обраќаат младите, оние кои се мотор на државата, оние кои останаа тука да работат и живеат покрај сите предизвици и проблеми, оние кои се надеваат на подобро утре, оние на кои Европска Унија им значи просперитет и ги негуваат европските вредности, заслуживме и го oчекуваме датумот за почеток на преговорите!

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl