Сто години по првото прославување на меѓународниот ден на жената и борбата на жените за признавање на нивната еднаквост со мажите во сите сфери на општеството: право на глас, имот, социјални и здравствени права, образование, еднаква плата..., сеуште е изразен јазот на успешни жени, наспроти успешни мажи во поединечни економски и стопански категории.

Тема која се почесто се отвара и е актуелна е токму за учеството на жените во историјата на ликовните уметности, како и на пазарот на уметнички дела. Денес е веќе вообичаено, во одредени интелектуални кругови, жените да бидат подеднакво успешни уметници, културни работници, куратори и уметнички селектори, но некои податоци кои се објавуваат последните години на уметничките портали говорат за нерамномерното признавање и прифаќање на жената како автор и уметник. Имено, општо признатата историја на уметноста како и долгогодишната воспоставена практика на изложување на врвни машки имиња - уметници, даваат впечаток дека, улогата на жената во процесот на создавање на уметност била на ниво на муза, модел, инспирација, додека големите мајстори и таленти биле мажи. Со оглед на позицијата на жената во општеството до 20 век, ваквото восприемање не нé изненадува.

40424789 10217621394631753 1771825789449273344 n

Жената во денешницата, изразено се пробива на уметничкот пазар и како последица на политиките за нејзино стимулирање како автор. Во последната декада од 20 век се стимулираше и поттикнуваше женската уметност со низа на мерки и програмски активности на големите фондации и организации од областа на културата, како што се: финансиска поддршка на жени визуелни уметници, нивна промоција, организација на тематски изложби каде се третира социо културниот јаз и разлики на жените во општеството, изложби и дела кои ги третираат потребите на жените во општеството. И навистина се поттикнаа женски уметнички имиња, да се етаблираат на пазарот на уметноста повеќе од порано. Големите музеи, уметнички куќи и галерии, започнуваат со преиспитување на политиките на изложување на дела од жени авторки, политиките на содавање на колекции од дела на жени авторки кои трпеливо чекале во депото да им бидат одстапени челните ѕидови од уметничките салони и слично. Независно од бројните изложби посветени на заборавени жени уметници, независно од откритието дека уметничкиот писоар, икона на дадизмот кој му се препишува на Марсел Дишамп, иако е потпишан со псевдонимот „R. Mutt 1917“,  се претпостaвува дека е дело на жена уметник најверојатно на баронеtата Elsa von Freytag-Loringhoven. Но.....

Независно од појавата на женска уметност и фестивали посветени на женската уметност, сепак родовиот јаз во уметноста е далеку поизразен во споредба со други економски дејности.

Имено, истражувачите од универзитетот од Луксембург при анализа на 1,5 милиони трансакции направени во уметничките акуциски куќи од 1970 до 2013 година во 45 земји за 66.442 уметици утврдиле дека просечна трансакција за дело создадено од маж уметник изнесувала 48.212 долари, додека за жена уметник 25.262 долари или 47.6% помалку. Жените кои работат како професионалци во уметноста заработуваат скоро 20.000 долари помалку од мажите.

Во Австралија и покрај тоа што жената уметник или произведувач на креативни практики и производи е подобро образувана и троши исто време на изработка на делата како и мажот уметник, таа заработува околу 6.700 долари помалку од колегите мажи. Уметноста на жените продолжува да биде економски потценета, понекогаш со единствено објаснување дека е создадена од жена.

И тука повторно, анализите ќе ја исфрлат комплексноста на проблемот на изедначувањето на позицијата на жената со онаа на мажот, иако формално се превземаат низа на стимулативни мерки. Долго и комплексно е прашањето зошто, но причините секако лежат и во стереотипите и предрасудите од патријархатот кои сеуште, (притаено или отворено) владеат во општествата.

м-р Нада Пешева, историчар на уметност, ликовен критичар

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr