Кампањи

Бојан Петровски, советник во Општина Ѓорче Петров - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Bojan Petrovski

Младост, енергија и посветеност, ова е накратко мојот придонес за позелено Ѓорче. Стопиран е насилниот урбанизам, беа прифатени предлози на нови паркови и зелени површини, расчистени се голем број мини и диви депонии. За наредниот период главен приоритет ќе ми бидат: предлози за менување на начинот на греење на амбулантите, градинките и училиштата, со цел за чист воздух во општината, уште еден голем парк и многу помали зелени површини, повеќе инспектори за животна средина, решавање на дивата депонијата кај Лепенец и во руралните средини.

Повеќе...

Дејан Димитровски, советник во Општина Гази Баба - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Dejan Dimitrovski

Бев иницијатор за времена мерка на запирање на изградба на индивидуални и колективни стамбени објекти додека не се намали аерозагадувањето, иницирав акции за лоцирање и чистење на дивите депонии во општината, дневни и ноќни патроли за откривање на дивите загадувачи, ослободување на пешачките и велосипедските патеки од возила, состаноци со надлежните од Комунална хигиена за поставување и навремено чистење на контејнери.

Повеќе...

Валентина Андонова, советник во Општина Кочани - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Valentina Andonova

Во изминатата година иницирав да се зголеми списокот на тешки заболувања за кои се финансираат лабораториски анализи за социјално загрозени лица и се заложив оваа година буџетот за оваа намена да биде повисок. Поддржав проекти за обновување на улици и поставување на рампи за лица со посебни потреби. Во текот на оваа година ќе се фокусирам на геотермалните води како услов за намалување на аерозагадувањето, чистење на дивите депонии и нивно озеленување, како и на програмата за еднакви можности на жени и мажи, во која активно учествувам.

Повеќе...

Ристенка Алтипармаковска, советник во Општина Битола - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Ristenka Altiparmakovska

Битола е еден од градовите со највисок степен на аерозагадување, па затоа се заложив за субвениции за велосипеди и печки на пелети, како и да се ослободи централното градско јадро од возила. На Битола и требаат монтажни катни гаражи, озеленување на повеќе јавни површини и конечно справување со отпадот и дивите депонии. За развој на економијата потребно е користење на обновливите извори на енергија.

Повеќе...

Александар Анѓушев, советник во Општина Карпош - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Aleksandar Angjusev

Минатата година успеавме да ги сопреме спорните ДУП-ови во Карпош, да засадиме преку 300 развиени дрва низ општината, да ја воведеме акцијата Карпошани на велосипед. Оваа година мора да се сконцентрираме на зголемување на инспекцискиот надзор, за да се спречат формирањето на дивите депонии, нелегалните палења и бучавата од кафеаните. За зелен Карпош треба одржлив урбанизам, кој покрај урбаното зеленило, го регулира греењето во домовите, нормалното паркирање, капацитетот и пропусноста на улиците за сообраќајот, и друго.

Повеќе...

Ивана Здравеска, советник во Општина Аеродром - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Ivana Zdraveska
Моите заложби и иницијативи во изминатата година беа насочени кон чистење на диви депонии, садење дрвја на територијата на општината, поставување на прочистувачи за воздух во градинките. Во периодот што следи ќе се залагам за субвенции за велосипеди и инвертер клими, изградба на мрежа на велосипедски патеки во урбaните и вонградските средини, поставување на сончеви колектори во јавните објекти.

Повеќе...

Димче Балески, советник во Општина Валандово - Зелени приoритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Dimce Baeski

Во изминатата година иницирав и успеавме да се затвори рудникот Казандол. Иницирав да се испита квалитетот на водата за пиење и наводнување, како и да се постават мерни инструменти за мерење на загаденоста на воздухот. Во текот на оваа година реализацијата на сите овие иницијативи треба да заврши и да се ревитализира земјиштето уништено од градежните работи околу Казандол.

Повеќе...

д-р Христина Оџаклиеска, советник во Општина Кисела Вода - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Hristina Odzaklieska

Изработка на Катастар на загадувачи, засадени дрвја на повеќе локации и неколку акции за намалување на бројот на дивите депонии во општината е резимето на 2018 година. Годинава на web страната на општината беше отворен Еко канал, за информирање на граѓаните за активностите на Општината за заштита на животната средина. За реално подобрување на состојбите во животната средина, потребни се повеќе иницијативи и многу повеќе финансиски средства.

Повеќе...

Менка Гугулевска, советник во Град Скопје - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Menka Gugulevska

Задоволна сум што после толку заложби на ДОМ, Зелениот катастар конечно стана дел од програмата на Градот.
Се залагам за реализација на програмата за јавна чистота и управување со отпад, како и примена на мерките за намалување на аерозагадувањето идоследно санкционирање на загадувачите.
Градот Скопје се соочува со многу проблеми, но за да се решат потребно е да се вложат и сериозни финансиски средства.

Повеќе...

м-р Христа Најданов, советник во Град Скопје - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Hrista Najdanov

Како советник од ДОМ ќе се заложам за намалување на аерозагаденоста, за зголемување на чистотата, за зголемување на бројот на инспектори и нивните ингеренции во заштитата на животната средина, за зголемена контрола на аерозагадувачите, за спроведување на Законот за урбано зеленило, за Мал ринг да стане пешачка зелена зона. Граѓаните заслужуваат Скопје да стане зелен град.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl