DOM zname

Во текот на 2011 година во јавните и приватните здравствени установи во Македонија со метадонска и бупренорфинска супституциона терапија се третирани околу 1600 пациенти или скромни 16% од оние на кои што тоа им е потребно. Тоа значи дека 84% или 8400 луѓе не се опфатени и претставуваат голем социјален и здравствен проблем – изјави Тања Ѓуковиќ претставник на Комисијата за здравство при ДОМ на прес конференцијата одржана по повод почетокот на кампањата.

Комисијата за здравство на ДОМ ја најавува кампањата “Борба против дрогата” која ќе се состои од два дела. Во првиот дел ќе се третира прашањето како да се спречи а во вториот дел ќе се разгледува прашањето како да се лечи, т.е. како да се подобри третманот на зависноста од дрога. Предвидени се активности во насока на превенција од болестите на зависност преку негување на здрави навики и здрави животни стилови, едукација на деца и родители и рана детекција на употребата на дрога. Кампањата ќе опфати трибини, тркалезни маси и акции ширум Македонија – раче Тања Ѓуковиќ од Комисијата за здравство на прес конференцијата одржана по повод почетокот на кампањата.

Комисијата за здравство на ДОМ изразува загриженост поради порастот на бројот на лицата корисници на дроги во Р. Македонија. Проектираната бројка на лица кои користат дроги по интравенозен пат е околу 10 000.

Во текот на 2011 година во јавните и приватните здравствени установи во Македонија со метадонска и бупренорфинска супституциона терапија се третирани околу 1600 пациенти или скромни 16% од оние на кои што тоа им е потребно. Тоа значи дека 84% или 8400 луѓе не се опфатени и претставуваат голем социјален и здравствен проблем – додаде Тања Ѓуковиќ.

Втор проблем е нерамномерната распределба на постоечките капацитети. Иако 50%, т.е. 5000 зависници се наоѓаат во Скопје, само 10% од нив се опфатени во програма. Од сето ова може да се каже дека 8400 зависници во Македонија се надвор од било каква програма и третман, без медицинска помош и без социјална поддршка, оставени на грижа на семејствата кои се веќе исцрпени.

Што се однесува до зависниците кои се опфатени во програмите, капацитетите на сервисите се преполнети, без можност за прием на нови пациенти, со недоволен кадар, речиси без сериозна психосоцијална поддршка.

Поради сето ова Комисијата за здравство на ДОМ бара да се отвори јавна расправа за овие проблеми и да се најде решение преку:

1. Зголемување на опфатеноста на зависниците во јавниот и приватниот здравствен сектор, за што можат да се користат и странски фондови;
2. Соодветна дисперзија на сервисите според потребите;
3. Искористување на постоечките капацитети на приватните здравствени установи во смисол на просторни и кадровски решенија и опрема, со што се остваруваат заштеди во Министерството за здравство;
4. Подобрување на третманот во установите со програма за рехабилитација и ресоцијализација и воведување на индивидуален пристап во третман, што значи дека третманот е прилагоден спрема потребите на секој пациент .

Комисијата за здравство на ДОМ смета дека со овие измени ќе се постигне следното:

1. Ќе се намали смртноста кај оваа популација;
2. Ќе се зголеми функционалноста, а со тоа и работоспособноста на ЛЗД;
3. Ќе се намали инциденцата на сериозни компликации и последици по телесното здравје кај ЛЗД;
4. Ќе се намали инциденцата на ХИВ, Хепатит Ц и др. во целната група;
5. Ќе се намалат опасностите од ширење на споменатите инфекции кај општата популација;
6. Ќе се декриминализираат ЛЗД, со што ќе се остварат заштеди во Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи и конечно
7. Ќе се заштитат правата на пациентите и со Устав загарантираното право за еднаквост во третманот на здравствените проблеми.

Иако доста е направено во последните години во однос на опфатеноста на ЛЗД во третман, сепак тоа не е доволно. Треба на сите да ни стане јасно дека трошоците за лекување на ЛЗД се повеќекратно помали од трошоците причинети од лекување на ХЦВ, ХИВ, изгубените работни часови, затворските денови, изгубените млади животи...