Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Svetlana Stanojkovska

Како советник во 2018 година се борев против отворањето на Челичарницата и ќе продолжам да се борам и во наредната година. Водевме и заедничка битка против рудниците со отворен коп. Шансата ја гледам во примената на Законот за минерални суровини што го поднесоа нашите пратенички од ДОМ, а со кој се забранува употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудниците со отворен коп. Дадов и предлог за зелен катастар и катастар на загадувачи, што беше прифатено од страна на градоначалникот, и се надевам ќе се реализира во текот на оваа година.

Годинава приоритет ми е набавка на мерен инструмент за мерење на загадувањето, кој ни е неопходен. Редно е Пробиштип да стане зелен град и да добие Г2 незагадувачка индустрија. Тоа им го должиме на наредните генерации.

.be

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr