Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Dejan Dimitrovski

Бев иницијатор за времена мерка на запирање на изградба на индивидуални и колективни стамбени објекти додека не се намали аерозагадувањето, иницирав акции за лоцирање и чистење на дивите депонии во општината, дневни и ноќни патроли за откривање на дивите загадувачи, ослободување на пешачките и велосипедските патеки од возила, состаноци со надлежните од Комунална хигиена за поставување и навремено чистење на контејнери.

Предложив поголем буџет за воспоставување на зелен катастар во општината, изградба на училишни градини и едукација на младите за создавање на зелени навики, како и социјално решавање на привремените живеалишта во Вардаришта, Керамидница и Инџиково, во кои живеат граѓани без документи, кои се бават со палење на канцероген отпад. Главната борба, во соработка со НВО секторот, посебно со граѓанската иницијатива О2, е да се извади од ДУП-от загадувачката Г1 индустрија, како главен фактор на аерозагадувањето.

 

.be

 

 

 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr