Интервјуа

Интервју со Маја Морачанин, претседателка на ДОМ: Не е време за предвремени избори

Maja Moracanin Nezavisen 1

Маја Морачанин е пратеничка во македонскиот парламент, а минатата година дојде на чело на ДОМ, единствената зелена партија во нашата земја. Спроти претседателските избори, Морачанин во интервју за „Независен весник“ порачува дека новиот претседател треба да биде личност што ќе ги обединува граѓаните, како и дека Македонија заслужува да добие и жена на оваа позиција. Како припадник на зелените, таа е убедена дека иднината на планетата и човештвото е во зелените политики. Македонија мора многу повеќе да вложува во заштитата на животната средина и борбата со климатските промени.

Повеќе...

Маја Морачанин: Довербата ќе ја вратиме со квалитетни мерки и со транспарентност

Maja Zelen Kostum

Има ли Владата искрена намера да се справува со загадувањето на воздухот?

– Оваа Влада, за прв пат во Република Македонија, намалувањето на аерозагадувањето го постави како стратешки приоритет на Владата и донесе Програма за намалување на аерозагадувањето. Со тоа покажа јасна политичка воља за справување со загадувањето на воздухот. За ДОМ е значајно што најголем број мерки кои ние како зелена партија и еколошките невладини организации и иницијативи ги предлагаа, се опфатени во Програмата. Се повикуваат на финската студија иако таа е направена од само една позадинска мерна станица во Карпош и резултатите не може да бидат релевантни за цело Скопје.

Повеќе...

Интервју со Љупчо Јаневски од ДОМ, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот꞉ Руралниот туризам ќе ни донесе повеќе туристи

ljupco1 1

Со што Македонија може да биде атрактивна и што интересно, посебно, необично можеме да им го понудиме на туристите за да дојдат да ја посетат нашата земја?

Примарни и најатрактивни туристички дестинации се Охрид и Скопје. Овие два региона нудат различни туристички содржини параглајдеринг, нуркање, алпинизам, кајакартсво, уживање во кулинарски специјалитети, прошетки, посета на музеи, шопинг…. Но, во последно време се повеќе се посетени националните паркови, винските региони, руралните предели и села со автентична македонска архитектура.

Повеќе...

Маја Морачанин: Девијантните и криминогени појави кај младите се резултат на состојбите во општеството

Една од најгорливите теми, за која малкумина имаат храброст да говорат е насилството врз жените и воопшто принуденоста на жените се уште да бидат во потчинета положба во однос на мажите. Македонија неодамна ја ратификуваше Истанбулската Конвенцијата која ги осудува сите форми на насилство врз жените и домашното насилство. Пратеничката, наедно и претседателка на Форумот на жени на ДОМ, Маја Морачанин за ЈанакиЗнае го изнесе својот став на оваа тема, која е една од врвните приоритети на оваа партија. Пратеничката Морачанин смета дека со поголема ажурност на полицијата, обвинителството и судството, како и потребата од превентивни активности, особено во воспитно-образовниот процес и медиумите, значително ќе се сузбие овој проблем од кој произлегува дека децата се најголемите жртви.

MAJA MORACANIN slika

Повеќе...

Мирослав Богдановски од ДОМ е новиот раководител на секторот Инспекторат на Град Скопје

Итни реформи на градскиот Инспекторат за поголема ефикасност, негова транспарентност и достапност до граѓаните за тој да биде вистинска алатка преку која граѓаните ќе можат да ги остварат своите права - се само дел од суштинските предизвици што пред себе си ги поставува новиот раководител на Секторот Инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски. На оваа позиција Богдановски доаѓа од Агенцијата за просторно планирање, каде што работел 10 години, а една година бил и директор на Државниот инспекторат за животна средина. Богдановски е магистер по економски науки и долгогодишен активист за заштита на животната средина, активно вклучен во неколку здруженија и иницијативи со искрена желба и амбиција да придонесува за одржлив развој и почиста и поздрава околина.

miroslav bogdanovski 1

Повеќе...

ПОПОВСКА: Жените знаат да ги надминат разликите и да соработуваат

Lile samo vistina3a

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, учествувајќи на телевизиска дебата, истакна дека во нашата земја е постигнато видливо зголемување на бројот на жени во Собранието и во локалните совети, од 6 на 34,2%. Но, како што рече Поповска, се уште жените не се доволно застапени во извршната власт и на тој план треба уште да се работи и да се дојде до нивото што го имаат некои европски земји, особено скандинавските. „Треба да има повеќе министерки и градоначалнички, но мажите тешко ја отстапуваат извршната власт, зашто носи голема моќ.“

Повеќе...

Поповска за борбите за Зелените идеи во Македонија

дом 701x385

Пратеничката и претседателка на партијата ДОМ, Лилјана Поповска, вели дека тие се „виновни“ што е намалено загадувањето, а, пак, во иста насока биле и сегашните борби што ги воделе против отворање рудници.

Повеќе...

Поповска: Мaкедонија мора брзо да застане на нозе

 lile slik ZA SAJT
Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска во дебатната емисија на ТВ 21 говори за причините на политичката криза кај нас, за нејзината разврска по изборите, за можните комбинации за состав на нова влада, за меѓуетничките прашања и за неприфатливоста на можноста од белгиското политичко сценарио на функционирање на земјава на подолг рок без извршна власт, како и за други актуелни теми од областа на економијата и екологијата.

Повеќе...

Лилјана Поповска: Понекогаш правдата забавува, но секогаш стигнува

 L.P

1) Четирите партии договорија решенија за избори во декември. Дали договореното значи дека Македонија влегува во помирни политички води?

Верувам дека ние секако ќе влеземе во помирни политички води, пред се внатре сме заморени и како граѓани и како политичари. Мора да има разрешница од оваа криза, затоа што не функционира нормално државата и институциите, а тоа е на штета на граѓаните.

Повеќе...

Поповска: Кривичните против граѓаните што го бранат паркот во Тафталиџе се антидемократски чин

liljana popovska

Многу пати сите ние, сета стручна јавност и граѓаните, укажуваме дека се опасни огромните градби на Водно, дека може да се лизнат и да направат свлечишта, но повторно глув молк и ставање на бизнис-интересот пред се! За да се спречат други слични катастрофи во Скопје, Тетово, или било каде, неопходна е целосна ревизија на законите за урбано планирање и градење и носење на вистински закон за зеленило, а не онаа смешка од закон што се усвои пред некој месец, колку да се фрли прашина в очи и да ни се затвори устата, вели во интервју за Стандард.мк, Лилјана Поповска, претседател на партијата ДОМ.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета