Интервјуа

„Ин” е активниот туризам!

Jordan_Trajkov

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Правиме промоција која е таргетирана и кон бизнисите. Се обидуваме да најдеме туроператори од Германија кои би работеле со нашите. Поточно, да се поврзат нашите агенции кои се занимаваат со инкаминг туризам, со германските туроператори  кои работат ауткаминг”.

Повеќе...

Влезот во ЕУ и НАТО е стратешка определба на Македонија

Liljana_Popovska_-_Javnost

Интервју на претседателата Лилјана Поповска за битолскиот весниик „Јавност“ 

За Лилјана Поповска, претседател на политичката партија Демократска обнова на Македонија, нема дилема дека влезот во ЕУ и НАТО е една од стратешките определби на Македонија, пат по кој се движи и регионот во кој живееме. На тој пат партијата ДОМ останува доследна, како и на партнерство со граѓаните во подигнување на еколошката свест и исполнување на определбите на “зелената” партија, чија цел е почиста и поздрава животна средина со концепт за одржлив развој на Македонија.

Повеќе...

Од споредни правам главни теми

Интервју на претседателката Лилјана Поповска за веб порталот „Журнал“

Zurnal_Liljana_Popovska

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Спорот со името ќе мора да заврши со некаква разрешница. Но, не секоја разрешница претставува решение. Сигурно не би било решение евентуалното изнудено прифаќање на сегашниот пакет барања за промена на името за надворешна и внатрешна употреба, забрана на употребата на придавката "македонски" и промена на историјата! Таква разрешница би била влез во нова дестабилизација на Балканот, покрај огромната неправда што би ја доживеал македонскиот народ и држава. Рационално решение би била двојната формула што ја имавме како наша позиција со години (Грција да ни се обраќа со име прифатливо за нас). Во моментов, решение со најмала штета за државата би било доследното спроведување на привремената спогодба на ОН, а тоа е именување на земјава во рамките на ОН на начин што нема да го засегне нашиот идентитет и дигнитет. Иако, лично како човек, не можам да замислам таква состојба, затоа што сево ова е спротивно на конвенциите на ОН за човекови права, самоидентификување итн.

Повеќе...

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета