Лилјана Поповска: Во Југохром може по две години да си го соберат ќарот и да си заминат
- Детали
- Објавено: Четврток, 06 Ноември 2014 14:08
Во Скопје има објекти кои можат да се урнат, да се расчистат, во Париз тоа го применувале, и да се направат паркови, вели во интервју за Инбокс7, пратеничката, Лилјана Поповска. Според неа страотна штета е направена во центарот на градот но, парковите во населбите мора да се заштитат. На прашањето на Инбокс7 зошто владата е попуслива кон Југохром, претседателката на ДОМ, вели дека се работи за социјален проблем за барање од луѓето кои што таму работат. „Се плашам дека тие немаат ни намера да вложат во еколошка опрема и дека по тие две години тие можат клучот на врата да го стават, ќарот да си го земат и да си заминат“, вели Поповска.
За одлуката на опозицијата да делува надвор од парламентот Поповска вели дека дека на овој начин ќе слабеат малите политички субјекти кои што се во опозицијата. Таа е на ставот дека нема логика веќе долгото опстојување на нешто што не дава резултат.