„Министерството за животна средина и просторно планирање даде придонес во изработката на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегиската оцена на животната средина. Како една од поважните мерки во Планот за управување е предвидено донесување на план за крајбрежјето“, посочи во интервју за „Локално“, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.

safe image

 Како што вели таа, третманот на Охридското подрачје низ годините укажува на низа несоодветни примени на мерките за заштита.

  Оџаклиеска потенцира и дека катастарот на бесправно изградени објекти во Охридскиот Регион е во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатиот период номинираше претставници во повеќе работни групи фомирани во насока на спроведување на препораките од УНЕСКО, кои се однесуваат на спроведување на Оцена на влијанијата врз животната средина (ОВЖС) и Оцена на влијанијата врз културното наследство (ОВКН) од бесправно изградените објекти, како и изработка на студија на алтернативни траси за жлезничката пруга во состав на коридорот VIII.

 Заменик министерката потврди дека Владата ги активираше и екипираше сите релевантни фактори кои ќе учествуваат во подобрувањето на сликата во УНЕСКО врзана за Охридското подрачје, а што се однесува до Министерството, потврди дека веќе се во тек активности со кои се работи на оваа проблематика.

Дали општина Охрид и Министерството за животна средина, потфрлија во грижата за Охрид и пред да пристигне извештајот на УНЕСКО?

 -Охридското Езеро се вбројува меѓу 39-те подрачја во светот кои се заштитени како светско природно и културно наследство. Третманот на подрачјето низ годините наназад од неговото прогласување, посочува на несоодветна примена на мерките за негова заштита. Во управувањето со подрачјето, утврдено согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, се вклучени општините Струга, Охрид и Дебарца и повеќе институции меѓу кои Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура, Јавната научна установа Хидробиолошки завод од Охрид, Јавната установа Национален парк Галичица, Јавната установа Институт за екологија и технологија во Струга, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, Национална установа музеј “Д-р Никола Незлобински” од Струга и Национална установа – Национален конзерваторски центар од Скопје.

 Во Министерството за животна средина се реализираат низа обврски за заштита на природните вредности, во насока на зачувување на статусот на заштитено подрачје. Министерството за животна средина и просторно планирање даде придонес во изработката на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегиската оцена на животната средина. Како една од поважните мерки во Планот за управување е предвидено донесување на план за крајбрежјето. Очекувам, оваа година, да биде изработен и донесен планот за крајбрежјето на Охридското Езеро, што е во надлежност на Министерството за транспорт и врски.  Во постапка на разгледување во нашата институција се нацрт Планот за управување со НП Галичица (2021 – 2030) и Нацрт – Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина. Исто така, во рамки на новиот регионален проект Адаптација кон климатските промени во областа на прекугранично управување со ризик од поплави, кој ќе се имплементира во Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора, со фокус кон Дримскиот речен слив, продолжуваат активностите согласно предвидената динамика, со тоа што како пилот проект е предвидено враќање на реката Сатеска во старото речно корито.

 Од невладината Фронт 21/42“ побараа Претседателот да му наложи на Министерството за животна средина и просторно планирање да итно да ги стави Охридското Езеро, Студенчишко Блато, Студенчишки канал и Билјанини извори под привремена заштита. Дали се сметате за одговорни и ќе какви се чекори ќе преземете по однос на ова прашање?

Во рамки на проектот: “Постигнување заштита на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирање на користење на земјиштето”, во кој Министерството за животна средина и просторно планирање е главен партнер и корисник на резултатите, странски експерти  од IUCN и UNEP тековно изготвуваат Студија за валоризација на Споменик на природата – Охридско Езеро. Во рамки на овој проект се отпочнати и активности за изработка на Нацрт-План за управување со Споменик на природата – Охридско Езеро. Во 2020 година, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата. Исто така, во тек се активности за спроведување на јавна расправа по предлогот, по што следува подготовка на конечен предлог за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата и усвојување од страна на Владата.

 Охридското Езеро заради своите природни вредности во 2020 г. е номинирано за Рамсар подрачје, а од аспект на заштитата на значајни ЕУ видови и живелишта МЖСПП ги идентификува сите три природни езера во земјата, вклучително и Охридското Езеро како потенцијални Натура 2000 подрачја.

Бевме сведоци дека летото кое измина во Охрид се правеа радикални чекори во однос на решавањето на проблемот со дивоградбите. Истите се сепак, наведени во извештајот на УНЕСКО, исто како и немањето на депонија, нефункционален колектор и неконтролирана урбанизација. Ова е ваша, или вина на општина Охрид, и како ја коментирате ограденоста на градоначалникот од вина за извештајот?

 -Катастарот на бесправно изградени објекти во Охридскиот Регион е во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатиот период номинираше претставници во повеќе работни групи фомирани во насока на спроведување на препораките од УНЕСКО, кои се однесуваат на спроведување на Оцена на влијанијата врз животната средина (ОВЖС) и Оцена на влијанијата врз културното наследство (ОВКН) од бесправно изградените објекти, како и изработка на студија на алтернативни траси за жлезничката пруга во состав на коридорот VIII. Претставници од нашата институција исто така се вклучени во работата на Комисијата за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, која се грижи за спроведување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство. Исто така се прават напори да се обезбедат финансиски средства за да се направи детална процена со цел утврдување на контактна зона на доброто, за да се зајакне заштитата на светското природно и културно наследство, но и да се затворат и рекултивираат депонијата Буково и сите непрописни депонии на територијата на доброто, односно да се воспостави функционален систем преку изградба на регионална депонија по европски стандарди за управување со комуналниот отпад во Југозападниот плански регион во кој влегува и Охридскиот Регион.

 Кои се препораките и дали имавте состанок со Владата, за итна примена на препораките кои УНЕСКО ги посочи во својот нацрт-извештај?

 -Владата презема итни чекори за кадровско екипирање во најрелевантните институции во сферата на заштита на животната средина во насока на зачувување на статусот на Охридскиот регион како светско природно и културно наследство иако постои реална опасност подрачјето да се најде на листата на загрозени подрачја како резултат на долгогодишниот несоодветен третман. Во Министерството за животна средина и просторно планирање во тек се активности кои треба да дадат допринос во исполнувањето на препораките од УНЕСКО.

Што се однесува до загадениот воздух. И оваа зимска сезона не изостануваме од високиот број ПМ 10 честички присутни во воздухот. Како Министерството за животна средина планира да се справи со овој клучен проблем?

 -Одржувањето на квалитетот на воздухот во рамки на дозволените вредности бара интердисциплинарен пристап. За справување со проблемите со загадувањето на воздухот Министерството за животна средина и просторно плнирање изготви и предложи измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух со кои се утврдија критериуми и донесување на Листа на општини кои ќе имаат обврска да изготват Планови за чист воздух за своите граѓани. Дополнително, согласно ЕУ законодавството, се пропишува обврска за донесување на Краткорочни акциски планови во периодите кога има високи концентрации на загадувачки материи во одредени општини, кои ќе мора да бидат одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање и да содржат конкретни задолжителни мерки кои се однесуваат на транспортот, индустријата, ранливите групи, работното време и така натаму.

 Она што е новина и што истовремено отвора можност за надминување на административните пречки за спроведување на итните мерки во пракса е можноста доколку општините не ги спроведат овие мерки, Владата да може да предвиди стапување на сила на вакви рестрикции не само како препораки, туку како наредби. Исто така, со измени на Законот на прекршоци се предвидува повеќекратно зголемување на казните за субјектите кои емитираат загадувачки супстанции во воздухот над дозволените гранични вредности. Дополнително, со Планот за чист воздух, се предвидени конкретни мерки и активности за намалување на загадувањето на воздухот, замена на постојните нееколошки системи за греење, уредување на зелените урбани површини и набавка на прочистувачи на воздухот.

 Во нашата институција во тек е изработка на Законот за контрола на индустриски емисии, со кој се транспонира Директивата за индустриски емисии и ќе се пропишат правила за спречување или намалување на емисиите во воздухот и другите медиуми во животната средина.

 Невладините организации  излегоа со реакција дека предложените законски измени, создржат големи пропусти во поглед на заштитата и оддржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.  Ќе им овозможите ли учество на засегнатите страни, и ќе го повлечете ли Предлог законот?

 -Предлагач на Законот за минерални суровини е Министерството за економија. Сметам дека е добро што на иницијатива на невладиниот сектор и поддржувачите на зелената идеологија вклучени во системот, Предлог законот е повлечен од разгледување. Очекувам да се ревидираат спорните сегменти и согласно начелото за транспарентност во работата, при креирање на новото законско решение соодветно да биде вклучена и засегнатата јавност. Добрите законски решенија треба да имаат широка поддршка од сите засегнати страни. Во перспектива треба да се насочиме кон максимално искористување на енергијата од сонцето и ветерот како обновливи ресурси, со оглед на поволните климатски и географски карактеристики на територијата на нашата земја.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета