Иако постои повеќе уште од 1980 година, Централната лабораторија во составот на Министерството за животна средина нема статус на акредитирана национална лабораторија.

Централната лабораторија за животна средина, која е постара од самото Министерство, наследена од некогашната Железарница е организационо поставена во Секторот за животна средина во Управата за животна средина како орган во состав на МЖСПП и, според својата поставеност и опременост би требала да биде во функција првенствено на работењето на Државниот инспекторат за животна средина, опслужувајќи го со анализи на примероци земени од терен и утврдување на извори на загадување.

ana

Сепак, од нејасни и необјаснети причини државата од осамостојувањето до сега не собрала сили и не вложила напор кадровски и материјално докрај да ја оспособи оваа институција за да одговори на обврските од областа на заштитата на животната средина.

Според информациите од самото Министерство, веднаш откако тоа било основано, во 1995 година преку странски донации бил добиен еко-автобус, односно мобилна лабораторија со сите инструменти потребни за мерење на загадување на водите и за мерење на бучава. Но, поради неодржување и недомаќинско работење со тој инструментариум за релативно кусо време тој веќе не можел да се користи.

Подготвени ама заборавени

Во 2007 година, во рамките на проект од КАРДС програмата бил направен план  која институција може да акредитира методи за следење на разни облици на загадување, па било решено квалитетот на водите да ги следи УХМР при што следењето на Охридското езеро и неговата флора и фауна да го мониторира Хидробиолошки завод од Охрид, додека пак Институтот за јавно здравје да го мониторира квалитетот на водите за капење, радијацијата и пестицидите, вклучително и мерењата за линданот. Тогаш бил направен и целокупен план за акредитација на лабораторијата на Министерството за испитување на бучава, за аерозагадување и за отпад.

– До сега, како резултат на повеќе проекти за градење на капацитетот на оваа лабораторија, таа е речиси подготвена за акредитирање. Имаме и човечки капацитет и опрема, а методите постојано се проверуваат, редовно се одржува опремата – вели Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Петровска вели дека од 2102 година тие редовно ја информираат Владата за потребните средства за акредитација на Централната лабораторија за животна средина и за акредитација на калибрациона лабораторија за квалитет на воздух. Како одговор Владата постојано ги задолжува да направат измени во систематизацијата со кои ќе се отворат работни места за еден или двајца менаџери за квалитет и таа систематизација, како што информира Петровска, се прави во моментов во МЖСПП.

За лабораторијата пари ниту во буџетот за 2019

Според државната секретарка, потребни се околу 5,5 милиони денари за довршување на процесот, да се акредитираат доволен број на акредитирани методи за да може лабораторијата добро да му послужи на Инспекторатот за животна средина во неговата работа. Сепак, овој процес ниту годинава нема да биде завршен. Министерството не добило во буџетот за 2019 година доволно средства за да се доврши процесот на доакредитација, туку само 700 илјади денари доволни за техничко одржување на постојната состојба на лабораторијата.

Оспособувањето на лабораторијата за квалитетна карактеризација на отпадот, односно нејзино акредитирање за отпад воопшто не е влезено во таа сума.

– За мерење на аерозагадувањето сме комплетно екипирани, додека за бучава е потребно да се дополни капацитетот, но за отпадот речиси ништо не е почнато – вели Петровска.

Во недостиг на акредитирана лабораторија под капа на државата, големите и малите индустриски капацитети, со А и Б интегрирани дозволи, потенцијални загадувачи, своите анализи на емисиите, кои им се законска обврска, се уште ги прават во приватни лаборатории.

Контролата на загадувачите – бизнис надвор од државната капа

Петровска вели дека таа не го спори квалитетот на работата на приватните лаборатории, но важно е и кога мерењата на емисиите се прават, па укажува на можен конфликт на интереси.

– Индустриските капацитети мерењата ги прават кога ним им одговара и може да се случи инспекцијата, која сака да направи најавен или ненајавен инспекциски надзор да ангажира рамковно, по склучен годишен договор, една од тие 3-4 лаборатории и може да испадне дека таа лабораторија сама на себе ќе треба да си го проверува квалитетот на испитувањето на извршените мерења – додава Петровска.

Таа дополнува дека не е предвидено со закон дека лабораторија која склучила таков договор таа година ќе си се изземе од вршење мерења кај други бидејќи во тој случај никој не би имал финансиски интерес да склучи договор со инспекцијата. Сево ова укажува на неопходноста од постоење независна акредитирана национална лабораторија да се вклучи во вршењето на инспекцискиот надзор.

И мерните станици – неакредитирани

Ниту 17-те мерни станици кои го мониторираат аерозагадувањето во Република Северна Македонија, од кои шест се наоѓаат во Скопје, а кои спаѓаат под надлежност на Централната лабораторија на МЖСПП не се акредитирани.

На прашањето на „Мета“ како тогаш треба мерењата на овие мерни станици да се сметаат за релевантни, Петровска вели дека се работи за технологија препорачана од ЕУ во која треба да се има доверба.

– Правиме интерлабораториски проверки и можам да кажам дека нашите резултати се постојано добри, значи воопшто нема сомнеж за кредибилноста на овие наоди. Во мрежата на Европската агенција за животна средина нашиот систем е пофален, резултатите се добри, така да во таа област сме на добар пат – додава таа.

Извор: http://meta.mk

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета