Lile samo vistina3a

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, учествувајќи на телевизиска дебата, истакна дека во нашата земја е постигнато видливо зголемување на бројот на жени во Собранието и во локалните совети, од 6 на 34,2%. Но, како што рече Поповска, се уште жените не се доволно застапени во извршната власт и на тој план треба уште да се работи и да се дојде до нивото што го имаат некои европски земји, особено скандинавските. „Треба да има повеќе министерки и градоначалнички, но мажите тешко ја отстапуваат извршната власт, зашто носи голема моќ.“

„Жените знаат да ги надминат своите политички, етнички и верски разлики и заедно да соработуваат, во интерес на родовата рамноправност, но и во интерес на Република Македонија. Тоа го покажаа уште со формирањето на Македонското женско лоби во 2000 година, а и подоцна во многу кризни ситуации. Така и деновиве во рамките на Собранието повторно заживеа Клубот на пратенички, кој заедно со граѓанскиот сектор се залага за правата на жената и за нејзина поголема политичка активост и застапеност во општеството“, нагласи Поповска.

Лилјана Поповска нагласи дека ДОМ како партија се залага Република Македонија да биде една изборна единица и да има рамноправна родова застапеност на листите за пратеници или советници. „На локалните избори во 2013 година ДОМ настапи самостојно со свои советнички листи и освои 25.000 гласови. На листите имаше рамноправна родова застапеност и резултатот покажа дека во нашето општество нема предрасуди во однос на вклученоста на жените во политиката“, посочи Поповска.

 

Емисијата можете да ја погледнете овде https://www.youtube.com/watch?v=MSazHv2s1O4

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета