green nature wallpapers hd

Демократската  Обнова на Македонија во Собранието на Република Македонија на 26 февруари 2014 година го поднесе предлог законот за зеленило. Со овој закон, ДОМ иницира институционална заштита на зеленилото , преку кој ќе се воведе целосен систем за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита, користење и реконструкција на зеленилото, финансирање и управување со него, како и надзор над примената на овој закон.

Зошто закон зеленило?

Зголемена урбанизација , зголемен број на луѓе во еден град или место, климатски промени. Ова се само дел од факторите кои влијаат на влошувањето на воздухот кој го дишеме во населените места ширум Македонија. Од друга страна, Значењето на зеленилото за здравјето на луѓето и за квалитетот на нивниот живот во светот одамна е признаено и затоа се практикува негова строга заштита и унапредување. Хамбург, Копенхаген, Стокхолм, Хелсинки и многу други градови,ова зелено обележје го претворија во  туристички бренд , некои од нив ја носат титулата „зелени градови“. Во некои од нив  зеленилото зафаќа над  45% од површината на градот.

А каде сме ние на Европската зелена мапа? Статистиката е  поразителна.Најзелени се западноевропските градови со над 40%, потоа доаѓаат источноевропските со 15%, а најлоши се балканските држави со помалку од 10% зеленило!

Искажано поинаку, се смета дека 25 м²/жител зеленило овозможува здраво и хумано живеење. Тоа била и проекцијата за Скопје во ГУП-от од 2002-та, но никогаш не дошла ни близу. Според официјални податоци (ГУП 2013), Скопје во 2011 имало 12,17 м²/жител  зеленило (според пописот од 2002), односно 9,18 м²/жител (сметано на 550.000 жители). Како проекција за 2020 е предвидено 18,5 м²/жител, или околу 17 м²/жител според реалниот број жители. Бројка која во денешниве околности е тешко остварлива.

Слична е состојбата и со другите урбани центри во Македонија. Поради недоволната свест за значењето на урбаното зеленило, тоа премногу лесно се претвора во градежна парцела. Се заборава дека повеќе зеленило значи повеќе  здравје, зашто само едно 10-годишно дрво дневно дава кислород потребен за еден човек, го троши јаглеродниот диоксид, дава влага, сенка и го хуманизира просторот.

Содржини на предлог законот

    • Изработка на зелен катастар на градот, односно попис на целото зеленило, по број, вид и состојба.
    • Законско поставување на стандардот од 25 м²/жител зелена површина, за сите идни ГУП-ови, како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од 10 до 30%, зависно од намената и локацијата.
    • Во веќе изградени блокови, законот наложува компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади.
    • Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци, независно од видот на сопственоста.
    • Со законот за зеленило , се утврдуваат стандарди и нормативи за планирање, проектирање и одржување на зеленилото, како и носители на одржувањето

 

Линк кон предлог законот

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета