ДОМ Иницијативи

ДОМ: Законот за урбано зеленило го помина првото читање

DOM zname

„Со оглед на загаденоста на воздухот во земјава, Законот за урбано зеленило треба да се донесе што поскоро, за да можат локалните власти да почнат да го применуваат. Екологијата беше главна тема на последните локални избори, а граѓаните масовно ги поддржаа овие програми,“ рече Поповска на собраниската седница, претставувајќи го Предлог-Законот за урбано зеленило.

Повеќе...

ДОМ: Подготвен е законот за забрана на цијаниди и сулфурна киселина во рудниците

pres 18.12.2017 1

Измената и дополната на Законот за минерални суровини се предлага заради долгорочна заштита на животната средина и здравјето на населението кое живее во близина на рудници кои работат со технологии што користат опасни супстанци. Со оглед на димензиите на нашата земја, како и на фактот дека еко-системот е една целина, опасноста им се заканува на сите граѓани на Република Македонија, но и на поширокиот регион, трансгранично.

Повеќе...

ДОМ иницира заедничка борба на зелените партии против загадувањето од рудниците

egp lile

На годишното собрание на Европските зелени што се одржува од 24 – 26 ноември во Карлштад, Шведска, учествува и делегација од ДОМ , во состав: пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин,како и советниците од Градот Скопје и општина Ѓорче Петров - Христа Најданов и Бојан Петровски.

Повеќе...

ДОМ бара ревизија на концесиите за рудниците Казандол и Иловица

za kazandol 2

ДОМ е против отворање цела дузина рудници во Македонија - од Петрошница во Старо Нагоричане, преку Плавица во Пробиштип, па во Кочани, Струмица, Делчево, се до Казандол во Валандово. Тоа е неодговорно кон граѓаните и нивното здравје, зашто сите тие планирани рудници за злато, бакар и сребро се површински, со мало количество метал во земјата. Тие се „рудници на смртта“ - работат со цијанидни и сулфурни раствори во отворени базени по планините, загадувајќи се живо околу себе. Посебна трагедија е што целиот тој источен појас е одамна стратешки насочен кон земјоделие и туризам. А сега им се нуди опустошена природа, уништени полиња и животен век од 40 години. Тоа е недозволиво!

Повеќе...

ДОМ предлага Закон за урбано зеленило за зелена европска Македонија

green nature wallpapers hd

Демократската  Обнова на Македонија во Собранието на Република Македонија на 26 февруари 2014 година го поднесе предлог законот за зеленило. Со овој закон, ДОМ иницира институционална заштита на зеленилото , преку кој ќе се воведе целосен систем за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита, користење и реконструкција на зеленилото, финансирање и управување со него, како и надзор над примената на овој закон.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета