• 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5

Последни активности

Промоција на книга на Лилјана Поповска

  Промоција на книга на Лилјана Поповска

Денеска беше промовирана книгата на д-р Лилјана Поповска „Мултикултурни поврзувања во граѓанскиот сектор во Република Македонија – влијание врз јавните политики и социјалната кохезија“, во која станува збор за влијанието на граѓанскиот сектор во мултикултурните општества, како заеднички именител за обезбедување интеркултурен дијалог, за намалување на поделеноста во општеството и за зголемување на социјалната кохезија, во функција на стабилна, демократска и просперитетна држава. „Нема состојба во државава што не може да се реши со добра човечка волја и со граѓански активизам каков што развиваат многу мултикултурни мрежи, меѓу кои и Македонското женско лоби. Но потребна е поголема поддршка за граѓанскиот сектор од страна на институциите, за да се постигнат одржливи влијанија врз јавните политики и социјалната кохезија“, рече авторката Лилјана Поповска денеска во скопскиот хотел „Холидеј ин“ на промоцијата на својата публикација. Издавач на трудот е Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС, модератор директорот на МЦМС Александар Кржаловски, а промотори пратеничката и долгогодишна активистка во женското движење проф.д-р. Ѓулумсер Касапи и политичкиот аналитичар и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски. „Тој што одбива да комуницира со другите култури засекогаш е...

Коалиција за живот во Македонија

DOM FLAER PREDNA
DOM FLAER ZADNA

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

ДОМ Иницијативи

ДОМ предлага Закон за урбано зеленило за зелена европска Македонија

ДОМ предлага Закон за урбано зеленило за зелена европска Македонија

Демократската  Обнова на Македонија во Собранието на Република Македонија на 26 февруари 2014...

Зошто ДОМ се залага за една изборна единица, отворени листи и 50% жени…

Зошто ДОМ се залага за една изборна единица, отворени листи и 50% жени на изборните листи?

          Застапеност од 50% на жените на изборните листи Форумот н...

ДОМ соопштение

Од ДОМ ги охрабруваме и ги поттикнуваме сите граѓани на Македонија да ги пријавуваат сите случаи на загрозување и оштетување на животната средина во Централната Канцеларија на ДОМ на телефон 02/5112 900, 076 311 601,078 404 165 или на електонската адреса: dommakedonija@yahoo.com , за да може соодветно и правовремено да се преземат институционални реакции и процедури.

Зелени теми

ЗА ЕДЕН ВЕК ,ПОЛОВИНА ОД ЖИВИОТ СВЕТ ПРЕД ИСТРЕБУВАЊЕ !

ЗА ЕДЕН ВЕК ,ПОЛОВИНА ОД ЖИВИОТ СВЕТ ПРЕД ИСТРЕБУВАЊЕ !

  Нештата не изгледаат добро за живиот свет на нашата планета. Некои проценки велат дека бли...

КАЛИФОРНИЈА СО ФУНКЦИОНАЛЕН ДИЗАЈН ГО РЕШАВА НЕДОСТАТОКОТ НА ВОДА

КАЛИФОРНИЈА СО ФУНКЦИОНАЛЕН ДИЗАЈН ГО РЕШАВА НЕДОСТАТОКОТ НА ВОДА

Калифорнија  е една од сојузните држави во САД,  која се соочува со најсериозни недостатоц...

ОД КЛАСИЧЕН ВО ЕЛЕКТРИЧЕН ВЕЛОСИПЕД ЗА ЕДНА МИНУТА

ОД КЛАСИЧЕН ВО ЕЛЕКТРИЧЕН ВЕЛОСИПЕД ЗА ЕДНА МИНУТА

Возењето велосипед станува сè поактуелно. И со причина! Сè повеќе луѓе решав...

Стани член на ДОМ

Зачлени се во ДОМ!

Ако си ЗА екологија, демократија, развој и рамноправност- тогаш кликни овде (и биди член).

Стани член »

Анкети






Социјални медиуми

ДОМ предлага измени на Изборниот законик со отворени листи и квоти за градоначалнички

Hristina_Odjaklievska_1

 

 

 

 

 

 

 

ДОМ предлага измени на Изборниот законик со отворени листи и квоти за градоначалнички. И двете измени би воделе кон унапредување на демократичноста и партиципативноста на нашиот изборен систем. Со слободните листи би добиле поодговорни пратеници и општински советници, со многу поголем легитимитет и слобода на делување. ДОМ смета дека отворените листи не би го намалиле бројот на избрани жени, зашто македонските граѓани во повеќе изборни циклуси покажаа дека им веруваат на жените во политиката и гласаат за нив кога се на чело на листите. Со квотите за градоначалнички би добиле конечно избрани жени на овие влијателни  позиции, со што ќе се прошири делувањето на жените  во извршната власт на локално ниво, каде во моментов не фигурира ниту една жена!

ДОМ предлага измени на Изборниот законик со отворени листи и квоти за градоначалнички. И двете измени би воделе кон унапредување на демократичноста и партиципативноста на нашиот изборен систем – изјави Христина Оџаклиевска на прес конференцијата. 

ДОМ верува дека со слободните листи би добиле поодговорни пратеници и општински советници, со многу поголем легитимитет и слобода на делување.  Граѓаните се во голем дел веќе подготвени за оваа промена, како што покажаа неодамнешните анкети. 

 ДОМ предлага во Изборниот законик да се внесе најлибералната верзија на отворени листи, со 3 до 5 гласови што гласачот може да ги даде на различни кандидати, дури и од различни листи. Тоа за гласачот би значела и поголема слобода за избор, но и поголемо влијание врз партиите и политичарите. Ваквиот модел на површина би ги извадил одговорните и разумни политичари, а истовремено би се излегло од црно-белиот свет на бипартизмот. Севкупно, политичката сцена во Македонија би добила на квалитет.

ДОМ смета дека отворените листи не би го намалиле бројот на избрани жени, зашто македонските граѓани во повеќе изборни циклуси покажаа дека им веруваат на жените во политиката и гласаат за нив кога се на чело на листите.

Со квотите за градоначалнички би добиле конечно избрани жени на овие влијателни  позиции, со што ќе се прошири делувањето на жените  во извршната власт на локално ниво, каде во моментов не фигурира ниту една жена! ДОМ веќе има поднесено предлог-измена на Изборниот законик во оваа смисла пред 2 години, но во тој момент не доби поддршка од ниедна партија, иако сите се согласија дека нешто треба да се стори. Со оглед на наближувањето на локалните избори, сметаме дека сега е време да го повториме нашиот предлог – рече Оџаклиевска.

Технички, ДОМ по втор пат го предлага истиот модел на родови квоти на листите со кандидати за градоначалници, каде секој трет кандидат треба да биде од помалку застапениот пол. Значи, секоја партија што предлага кандидати за градоначалници, би требала да предложи по 1 жена на 2 машки кандидати. Практично, ова е аналогија со постоечкиот систем на родови квоти на листите со пратеници и советници, кој дава одлични резултати во неколку изборни циклуси и кој Македонија ја вброи во земјите со европски просек од 30% според учеството на жени во политиката.