Активности

МOДОМ собираше е-отпад

akcija e otpad

Младинската организација на Демократската обнова на Македонија (МОДОМ) се вклучи во националната акција „Македонија без отпад 2013“ со акција за собирање електронски отпад.ДОМ и Асоцијацијата Ајде Македонија беа иницијатори на акцијата „Македонија без отпад“, која е поддржана од Владата на Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање и ја организираат по втор пат оваа година.

Повеќе...

МOДОМ во акција за собирање електронски отпад

modom eotpad 03.10.2013 soopstenija

ДОМ и Асоцијацијата Ајде Македонија беа иницијатори на акцијата „Македонија без отпад“, која е поддржана од Владата на Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, кои  ја организираат оваа акција по втор пат оваа година.

Повеќе...

МОДОМ ја определи стратегијата и насоката на дејствување

bogomila

МОДОМ, Младинската организација на ДОМ, одржа тридневно стратешко планирање во Богомила на кое беа присутни членови од извршниот одбор, претседатели на општинските организации и активни членови.

Повеќе...

МОДОМ е против дискриминација на ромски граѓани

2modom

Ние, младите од ДОМ сметаме дека случајот со непуштањето на Ромите во Аква-паркот во Скопје поради припадност кон таа заедница е во спротивност со  принципите заеднаквост и недискриминација, кои се темел на нашиот уставен поредок. МОДОМ го осудува дискриминаторскиот и ксенофобичен однос на неколку индивидуалци кои ги погазиле тие принципи.

Повеќе...

МОДОМ еден од основачите на НМС

osnovanje nms

Изминатиот викенд во Струга, 53 младински организации, сојузи и подмладоци на политички партии донесоа одлука за основање Национален младински сојуз на Република Македонија. МОДОМ како подмладок на политичката партија ДОМ од самиот почеток ја поддржа идејата за вмрежување на младинските организации.

Повеќе...

“Улогата на младите во креирање на енергетската политика”

Pokana za OIE

Со јавна дебата на тема “Улогата на младите во создавање на енергетска политика” МОДОМ ја одбележи Европската недела на одржлива енергија. На дебатата се дискутираше енергетската ситуација на Македонија и стратегиските определби на ЕУ и која е улогата на младите луѓе и политичките подмладоци.

Повеќе...

МОДОМ на Генералното Собрание на подмладокот на Европските Зелени ќе поднесе барање за членство

2modom

Подмладокот на Европската зелена партија ќе го одржи своето Генерално Собрание и пролетна Конференција во Мехелен, Белгија од 17 до 21 мај. Овој настан е посебно важен поради подготовките за европските изборите во 2014 година. Посебен осврт ќе има на финансиската криза, нејзиното глобално влијание и можните решенија.

Повеќе...

Младите да имаат полесен пристап до неформалното образование

simona-sardelic-199x300                                                                                                                         

-Подмладоците на повеќе политички партии во земјава деновиве одговарааат на прашањата на Радио МОФ за проблемите на младите, нивните приоритети и цели кои се поврзани со младите. Серијата интервјуа кои се составени од исти прашања испратени до сите партиски подмладоци, ги пренесуваме интегрално, овој пат со Симона Сарделиќ, претседателката на младинската организација на Демократската обнова на Македонија (МОДОМ). 

- Кои се главните цели на подмладокот на вашата партија и кои се вашите приоритети?

Приоритети на МОДОМ се: демократија и човекови права, родова еднаквост, едникви можности и недискриминација, одржлива економија и зелени младински работни места, одржливо земјоделие, екологија, применливо образование, култура, соработка со сестрински организации во меѓународни рамки и сорабтка со НВО. Овие цели сакаме да ги постигнеме преку подготовка на стратегии и акциони планови за поддршка на младите, мерки за намалување на невработеноста кај младата популација, инвестиции во изградба на капацитети каде младите ќе можат да се собираат и да ги остваруваат своите социјални, културни, економски и креативни потреби. Посебно внимание треба да се посвети на здравјето на младата популација, особено намалување на ризиците од сексуално преносливите болести, инвестиции во образовните капацитети за подобрување на условите за работа и престој на младата популација и обезбедување полесен пристап кон неформалното образование.

- Кои се најважните проблеми за младите во земјава?

Воедно погоренаведените се и најважните проблеми на младите во земјава, детектирани од наша страна.

- Како им овозможувате на вашите членови да учествуваат во работата и управувањето на подмладокот?

МОДОМ како и ДОМ има свои органи, претседателство, извршен, централен и надзорен одбор на чии седници ги донесува своите одлуки на национално ниво. На локално ниво нашите членови се организирани во општински организации, но се активни и на состаноците на сениорите. Организираме семинари на кои се едуцираме, но и споделуваме искуства на основа на кои се темалат нашите акциони планови. Организираме предавања, трибини и улични акции, а сме учесници и на редица настани организирани од други политички подмладоци, невладини организации и фондации, како и на меѓународни настани организирани од нашите сестрински организации и мрежи кои се дел од Европските млади Зелени.Членови на МОДОМ се активни и имаат право да гласаат за одлуките и во сите тела на ДОМ, почнувајќи од комисиите па до највисокото тело, Централниот одбор.

- Кои се најголемите постигнувања на подмладокот на вашата партија за 2012-тата година?

- Во март минатата година МОДОМ под уставно име стана полноправна членка на Мрежата за развој и соработка на младите европски Зелени, за време на Генералното собрание во Киев и Потпретседателот на МОДОМ, Баже Јосифовски, стана член на Извршниот одбор на истата. Имавме и промоција на Клубот на оратори на МОДОМ, кои преку готови и сопствени текстови ја пренесоа пораката „Да ги одбраниме парковите“ на Денот на планетата. Во јуни организиравме дводневен семинар на тема „Обновлива младинска енергија“ за учесници од сите општински организации во Македонија, а во септември, во пресрет на локалните избори со предавачи од Зелените од Србија и Финска организиравме дводневен семинар во Маврово на тема „Во Домот на Зелената победа“ на кој беа преставени целите, карактеристиките и резултатите на зелената кампања и зборувавме за значењето на младинскиот активизам. МОДОМ е активен поддржувач и на глобални акции како Часот на земјата, Ајде Македонија, Денот за борба против сида, и нашиот Ден на дрвото.

К.О.

текстот е превземен од www.radiomof.mk

Да се спречи масовното труење на кучиња во Скопје

kirkov

Претседателот на МОДОМ Карпош, Стефан Кирков, алармира за состојбата со труења на кучиња во Скопје...

За да погледнете, притиснете на следниот линк...https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Y-0OYtYdYPw

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета