Активности

МОДОМ на летен камп на Зелените во Хрватска

MODOM vo Hr

Претставници на летниот камп на тема „Регенерирана Европа! Младински активизам, политичко учество и директна демократија“ од МОДОМ беа: Симона Сарделиќ, Магдалена Христова и Марија Михајловска. Кампот се одржа во планинарскиот дом Јанковац од 10 – 16 август, имаше 60 учесници од 27 земји, а целта беше да се поттикне дијалог помеѓу младите од организациите членки на ЦДНЕЕ, кои секој на свој начин иницирал или барем учествувал во големите социјални движења низ Европа. Ова беше можност младите да ги споделат своите искуства од активизмот од своите држави, да ги анализираат проблеми со кои се соочуваат кога се трудат да ги искористат постоечките канали на политичко учество и да се изборат со ограничувањето на учеството на граѓаните во социјалната и системска промена.

Повеќе...

Ана Видиниќ во организаторскиот тим на меѓународен настан

Ana Greenpass

МОДОМ во партнерство со НВО „Сите Различни – Сите Еднакви“ (All Different - All Equal) со поддршка на Советот на Европа – Европска Мадинска Фондација и Министерството за млади и спорт на Република Србија, од14-20 јули 2013 год, во Авала - Белград, организираше тренинг под наслов „Youth movers and Shakers“.

Повеќе...

МОДОМ на GREEN PASS 2013

GREENPASS 2013

Помеѓу 7. и 12. април 2013-та година во близина на Белград, Србија се одржа тренинг на млади активисти од организациите на Зелените ширум Европа. Семинарот беше во организација на НВО Svirazliciti- sviravnopravni, а со финансиска и стручна помош од Советот на Европа. На тренингот учествуваа млади луѓе од Ерменија, Азербејџан, Грузија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Молдавија, Русија, Белорусија, Украина, САД, Романија, Словачка, како и тројца претставници на МОДОМ - Ивана Блажевска, Магдалена Христова и Данаил Станојески.

Повеќе...

Блаже Јосифовски избран во ИО на ЦДН

Baze vo Turcija

Блаже Јосифовски од МОДОМ беше избран за член на ИО на Мрежата за соработка и развој на источна Европа за време на 4-то Генерално Собрание од 21-24 февруари 2013. На Собранието кое се одржа во Истанбул имаше учесници од младинските организации на Зелените од 13 земји и една партнер организација.

Повеќе...

МОДОМ доби Зелен пасош

Green Pass

Во Белград од 26 до 31 Август 2012 се одржа тренингот за“ Зелен пасош - Одржливо знаење“поддржан од Советот на Европа, Европска Младинска Фондација, НВО „ Сите Различни – Сите Рамноправни“.Учесници од МОДОМ беа Симона Сарделиќ, Александра Масинова, Марин Цветков, Ана Видиниќ и Славица Димовска. На тренингот освен домаќините земаа учество и млади активисти од Албанија, Турција, Грција, Белорусија и Шведска.

Повеќе...

МОДОМ на семинар на Зелените во Турција

2modom

Марија Михајловска, членка на ИО на МОДОМ беше наш преставник ма семинаротЧитајте меѓу редови! Медиуми, образование, слобода на изразување и учество на младите“ организиран од Мрежата за развој и соработка во Источна Европа ЦДНЕЕ одржан во Турција од 22 до 29 Април 2012.  Покрај нашиот преставник учествуваа 50 млади луѓе од Андора, Белгија, Република Чешка, Данска, Естонија, Франција, Грција, Унгарија, Ирска, Исланд, Италија, Казахстан, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Монако, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Словачка, Словенија, Шведска , Швајцарија и Украина се собраа во градот Измит и зборуваа за тоа како:

Повеќе...

МОДОМ на првиот регионален состанок на Зелените

MODOM vo Albanija

МОДОМ од 20-ти до 25-ти Јануари 2012 беше учесник на првиот регионален состанок на младите Зелени партии и невладини организации од Југоисточна Европа во Албанија, кој се одржа со подршка од Мрежата за развој и соработка во Источна Европа (CDNEE) и Федерацијата на младите европски Зелени (FYEG). Учесници од МОДОМ беа Симона Сарделиќ и Марија Михајловска, а покрај нив имаше уште 28 млади луѓе од регионов и еден од Канада. Покрај Македонија, преку своите, млади активисти беа преставени и Србија, Хрватска, Романија, Турција и секако домаќинот Албанија.

Повеќе...

МОДОМ на Летен камп на Зелените во Белорусија

MODOM vo Belorusija

Христина Стојменовска беше преставник на МОДОМ на Летниот камп 2012 на ЦДН во Белорусија на тема "Зелени перспективи на европските вредности: Мисија, визија и теми". Покрај преставникот на МОДОМ на овој настан учествуваа 60 млади активисти од 24 земји.

Повеќе...

Младите на ДОМ нудат решенија за работни места во Крива Паланка

MODOM vo KP

Денеска во Крива ПаланкаМОДОМ одржи обука за кампања како дел од припремите за избори. На оваа обука земаат учество над 80 учесници од Младинската на ДОМ во Крива Паланка, но и од околните општински младински организации на ДОМ.

Повеќе...

Младите на ДОМ со барања за намалување на загадувањето на воздухот во Битола

MODOM vo Bt

МОДОМ активно зема учество во борбата за намалување на загадувањето на воздухот. Ние ги предлагаме следните 3 мерки кои треба да се донесат на национално ниво, а ќе имаат ефект врз воздухот во Битола.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета