Активности

ДОМ потписник на Декларацијата за соработка со младите

NMS Deklaracija

ДОМ во пресрет на предвремените парламентарни избори  ја поддржа Декларацијата за соработка со младите. Во име на ДОМ, Декларацијата ја потпиша претседателката на Младинската организација, Симона Сарделиќ.

Повеќе...

МОДОМ на студиска посета во Стразбур

6

Членовите  на МОДОМ Кристијан Балески и Бојан Петровски од 16-23 Март земаа учество на студиска посета на тема „Open source- Open Mind“ во организација на CDN – FYEG во соработка со Оделот за млади при Советот на Европа. Семинарот се одржа во седиштето на Младинскиот центар при Советот на Европа во Стразбур, Франција.

Повеќе...

Јосифовски повторно избран во Извршниот одбор на ЦДН

Baze vo CDN

Потпретседателот на МОДОМ, Блаже Јосифовски беше реизбран за член на Извршниот одбор на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа. На Генералното собрание кое се одржа од 20 до 23 февруари 2014, покрај делегатите од 14 земји беа присутни и преставници на Зелените од  Швајцарија, Каталонија, Австрија и Норвешка.

Повеќе...

МОДОМ потписник на Декларацијата за слободни и фер избори

Deklaracija Ins Oh

Во име на Младинската организација на ДОМ, претседателката Симона Сарделиќ, денеска потпиша Декларација за слободни и фер избори. Декларацијата ја потпишаа подмладоците на 17 политички партии во земјава, а иницијатор беше Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.

Повеќе...

Анета Поповска на студиска посета во Будимпешта

Aneta vo Budimpesta

Анета Поповска беше преставник на МОДОМ на студиската посета која се одржа од 20-ти до 27-ти Октомври 2013 во организација на Мрежата за развој и соработка во Источна Европа (CDNEE) во соработка со Секторот за млади на Советот на Европа во Будимпешта, Унгарија. Тема на студиската седница беше „Навигација надвор од Веб насилството-Борба против родово-базирано насилство он-лајн“. Покрај нашата преставничка имаше на студиската посета земаа учество преставници од младинските организации на Зелените од Србија, Косово, Црна Гора ,Хрватска, Русија, Ерменија, Украина, Белорусија, Азербеџан, Молдавија, Полска, Германија, Каталонија, Грузија, Казахстан, Швајцарија и Шведска.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета