Активности

Анета Поповска на студиска посета во Будимпешта

Aneta vo Budimpesta

Анета Поповска беше преставник на МОДОМ на студиската посета која се одржа од 20-ти до 27-ти Октомври 2013 во организација на Мрежата за развој и соработка во Источна Европа (CDNEE) во соработка со Секторот за млади на Советот на Европа во Будимпешта, Унгарија. Тема на студиската седница беше „Навигација надвор од Веб насилството-Борба против родово-базирано насилство он-лајн“. Покрај нашата преставничка имаше на студиската посета земаа учество преставници од младинските организации на Зелените од Србија, Косово, Црна Гора ,Хрватска, Русија, Ерменија, Украина, Белорусија, Азербеџан, Молдавија, Полска, Германија, Каталонија, Грузија, Казахстан, Швајцарија и Шведска.

Повеќе...

МОДОМ на летен камп на Зелените во Хрватска

MODOM vo Hr

Претставници на летниот камп на тема „Регенерирана Европа! Младински активизам, политичко учество и директна демократија“ од МОДОМ беа: Симона Сарделиќ, Магдалена Христова и Марија Михајловска. Кампот се одржа во планинарскиот дом Јанковац од 10 – 16 август, имаше 60 учесници од 27 земји, а целта беше да се поттикне дијалог помеѓу младите од организациите членки на ЦДНЕЕ, кои секој на свој начин иницирал или барем учествувал во големите социјални движења низ Европа. Ова беше можност младите да ги споделат своите искуства од активизмот од своите држави, да ги анализираат проблеми со кои се соочуваат кога се трудат да ги искористат постоечките канали на политичко учество и да се изборат со ограничувањето на учеството на граѓаните во социјалната и системска промена.

Повеќе...

Ана Видиниќ во организаторскиот тим на меѓународен настан

Ana Greenpass

МОДОМ во партнерство со НВО „Сите Различни – Сите Еднакви“ (All Different - All Equal) со поддршка на Советот на Европа – Европска Мадинска Фондација и Министерството за млади и спорт на Република Србија, од14-20 јули 2013 год, во Авала - Белград, организираше тренинг под наслов „Youth movers and Shakers“.

Повеќе...

МОДОМ на GREEN PASS 2013

GREENPASS 2013

Помеѓу 7. и 12. април 2013-та година во близина на Белград, Србија се одржа тренинг на млади активисти од организациите на Зелените ширум Европа. Семинарот беше во организација на НВО Svirazliciti- sviravnopravni, а со финансиска и стручна помош од Советот на Европа. На тренингот учествуваа млади луѓе од Ерменија, Азербејџан, Грузија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Молдавија, Русија, Белорусија, Украина, САД, Романија, Словачка, како и тројца претставници на МОДОМ - Ивана Блажевска, Магдалена Христова и Данаил Станојески.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета