IMG 2390

МОДОМ е примен како полноправна членка во Федерацијата на Младите Европски Зелени (FYEG) на собранието што се одржува во Прага од 25 до 29 мај.Федерацијата на Младите Европски Зелени е официјалниот подмладок наЕвропската зелена партијаи претставува мрежа од 42 политички подмладока и невладини организации од цела Европа, кои ја имаат зелената идеологија како основа на дејствување.

МОДОМ на собранието го претставува членот на Претседателството на МОДОМ, Милан Николовски, кој во Прага ги претстави активностите на МОДОМ на национално и меѓународно ниво во изминатите две години, структурата на организацијата и програмата усвоена на последното младинско собрание,како и зголемената независност на младинската организацијата и функционирањето како политички подмладок со зелена идеологија.Апликацијата на МОДОМ за членство во Федерацијата на младите европски Зелени (ФИЕГ) беше проследена со голем интерес од сите организации-членки.

Покрај приемот на МОДОМ на Собранието наФедерацијата наМладите Европски Зелени беа избрани и новиот Извршен одбор и лице за финансиско работење. За машки и женски портпарол на организацијата беа избрани Тео Комет и Мари Почон, а за Генерален секретар беше избран Артур Вичорек.

Полноправното членство на МОДОМ во оваа организација ќе значи посилно чекорење со зелената агенда и поефективно остварување на својата програма, со поддршка на зелените политички подмладоци и невладини организации од цела Европа.

МОДОМ им благодари за довербата на колегите од сите организации-членки на Федерацијата наMладитеEвропски Зелени (ФИЕГ), а на новоизбраното раководствому посакува успешна работа.

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета