milan nikolovski

Членот на претседателството на МОДОМ, Милан Николовски е избран за член на Извршниот одбор на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа,за време на Генералното собрание кое се одржа во Скопје од 25 до 28 февруари.

Повеќе од 40 делегати од организациите членки, партнерските организации и гости од 40 земји одлучуваа за новиот состав на Извршниот одбор, прием на нови организации-членки како и за Планот на активности за тековната 2016 година.

Покрај преставникот на МОДОМ во новиот состав на Извршниот одбор беа изгласани и преставници на Зелените од  Грузија, Швајцарија, Украина и Азербејџан, а ЦДН стана побогата со една членка, НВО од Ерменија “Партнерство за зелен развој”, (Partnership for green development) со статус на партнер организација.

grupna cdn 2016

Во текот на вчерашниот ден учесниците ја поддржаа акцијата на Федерацијата на младите европски Зелени “#безбедни премини(#safepassege) и изразија поддршка на правата на мигрантите. Оваа акција истовремено ја организираа членки во земјите ширум Европа.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета