2modom

МОДОМ активно зема учество во маршот против загадувањето на воздухот. Ние ги имаме следните 3 итни мерки кои ги бараме од Град Скопје:

- рестриктивно движење на возила кои не ги исполнуваат Еуро стандардите за квалитет на дизел или бензин горивата низ градот (практично, формирање т.н. зелена зона во центарот на градот)

- финансиска помош за оние кои поради лошата финансиска состојба мораат да употребуваат отпадни материи кои го загрозуваат здравјето на граѓаните, но за тие кои ќе ги продолжат штетните активности, казнени мерки. Пред се мислиме на субјекти кои за добивање топлина користат прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, гума и синтетички материјал,

- прилагодување на динамиката на градежните зафати кон временските прилики - заради намалување на прашината во воздухот

Со почит,

МОДОМ