Mars protiv zagaduvanjeto

МОДОМ, ја дава својата целосна поддршка на граѓанската иницијатива на „Гоу Грин“, која под мотото „Марш со маски против загадувањето“ има за цел намалување на загадувањето.

Маршот ќе го поддржиме со паролата „За очи заштита имаме, но за бели дробови немаме“, за таа цел членовите и симпатизерите на МОДОМ ќе носат очила и големо платно со оваа порака.

Сметаме дека заложбите на овој Марш за зголемување на еуростандарот за увоз на половни автомобили, за повиците за намалено користење на автомобилите, како и за намалувањето на интензитетот на градежните активности - целосно се вклопуваат со програмските цели на МОДОМ.

Затоа, ги повикуваме нашите членови, симпатизери, но и сите граѓани, да се придружат на овој Марш, кој ќе се одржи во сабота, во 12 часот на плоштадот Македонија.

Оваа можност сакаме да ја искористиме за уште еднаш да препорачаме:

На граѓаните:

  • да се користи јавниот превоз, а возилата да не се користат без поголема потреба;
  • повеќе лица да се возат во едно возило;
  • употреба на велосипеди;
  • да се користи чисто гориво за домаќинствата (да не се користи прегорено отпадно масло за затоплување на простории, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал);
  • правилно користење на печките на дрва во домаќинствата.

На институтциите:

  • детално да ги испитаат индустриските капацитети со Б-интегрирани еколошки дозволи, за кои се претпоставува дека често пати согоруваат и неквалитетни горива (отпадни масла, гуми, синтетички материјали)
  • воведување на пар-непар систем на сообраќајот;
  • да се намали акцизата на ТНГ(еко-плин) за да се промовира употребата на поеколошки горива.

Со почит,

Младинска организација на Демократска обнова на Македонија