2modom

Следејќи ги дневните извештаи од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП),http://airquality.moepp.gov.mk/ , МОДОМ апелира во идниот период секој од нас да вложи сопствени напори за намалување на загадувањето. 

  • Апелираме граѓаните да го користат јавниот превоз, а возилата да не се користат без поголема потреба;
  • да ја рационализираме употребата на автомобилите и повеќе лица да се возат во едно возило;
  • за тие што се во можност, употребата на велосипеди би значела многу за намалување на загадувањето;
  • да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал. Препорачливо е да се користи чисто гориво за домаќинствата;
  • граѓаните кои користат печки на дрва, да ги користат правилно, со што ќе допринесат за намалување на загадувањето;

Истовремено им препорачуваме на институциите да се обрне внимание на познатите загадувачи и да не  се забораваат помалите индустриски капацитети, кои своите Б-интегрирани еколошки дозволи ги добиваат од општините, а во нив често пати се случува согорување на неквалитетни горива (отпадни масла, гуми, синтетички материјали).

Со почит,

Младинска организација на Демократска обнова на Македонија

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета