Младинската организација на ДОМ – МОДОМ има конкретен предлог до Град Скопје и до надлежните институции во врска со енормното загадување на воздухот.

6. MODOM LOGO za soopstenija na web

По примерот на повеќе европски зелени метрополи, каде што строгиот центар на градот е претворен во пешачка зона,  МОДОМ предлага улицата Димитрие Чупоски од крстосницата кај „Палома Бјанка“ до крстосницата кај Собранието на Република Македонија,  да биде  зелена зона за пешаци, велосипедисти и возилата  за јавен транспорт.

Се надеваме дека овој предлог ќе наиде на позитивен прием кај граѓаните, бидејќи тој е во интерес на зачувувањето на нивното здравје, на елиминирањето на постојаниот сообраќаен метеж во Центарот на градот и на загадувањето на воздухот од издувните гасови на возилата.

Очекуваме овој наш предлог за проширување на пешачката зона во строгиот Центар, градските власти сериозно и итно да го земат предвид  и да го реализираат во најбрз можен рок. Со тоа и имиџот на центарот на градот може да добие нов подобар и поатрактивен лик, со нови содржини пријатни за скопјаните и привлечни за туристите.    

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета