МОДОМ Соопштение слика


     Младинската организација на Демократска Обнова на Македонија – МОДОМ јавно се залага и го поддржува процесот за декриминализацијата на канабисот. МОДОМ како политички подмладок со зелена идеологија смета дека поседувањето на одредено количество канабис не претставува криминал , кога е за лична употреба.



МОДОМ ја стави декриминализацијата на канабисот во својата програма уште во 2015 година и излезе јавно со своја кампања и затоа е сосем логично што ја поддржуваме иницијативата на Билка.

Само за потсетување, голем дел од земјите во светот веќе го имаат регулирано тоа прашање како што се : Израел, Шведска, Германија, Холандија, Швајцарија и многу други. Процентот на злоупотреба во процес на препродажба како криминално дејство е значително намален.

Повикуваме на јавна дебата со сите засегнати страни и најавуваме дека во периодот што следува МОДОМ ќе организира јавна дискусија од која што ке произлезат законски измени и информации за заедничко дејствување заедно со граѓанските организации.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета