Кавер mala

ZA PRESS

ДОМ И ЕВРОПСКИТЕ ЗЕЛЕНИ ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!

            Во рамките на активностите за заштита на човековата околина, ДОМ и Зелениот институт ја одржаа Втората меѓународна конференција посветена на рудниците, на која учествуваа и претставници од Европските зелени, како поддршка на борбата на ДОМ и на граѓанските иницијативи против отворањето на рудници во Република Македонија, кои се штетни за здравјето на населението и за животната средина.

На конференцијата со свои дискусии учествуваа: Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ, Борислав Сандов, координатор на Балканската зелена мрежа, Мирослав Богдановски, директор на Инспекторатот за животна средина, како и граѓанските активисти за спас на Гевгелија, Богданци и Валандово, Ангел Наков, Јован Џалев и Горан Балески.

Координаторот на Балканската зелена мрежа, Борислав Сандов ги пренесе бугарските искуствата во однос на рудниците и даде целосна поддршка на ваквите иницијативи во Македонија, потенцирајќи дека не треба да се дозволи Балканот да опустоши и да се претвори во трет свет.

Претставниците на граѓанските иницијативи за спас на Гевгелија, Богданци и Валандово во своите дискусии изнесоа загрижувачки податоци за опасностите што ги предизвикуваат отворањата на нови рудници во близина на нивните градови и за загадувањето на водата, воздухот и почвата, што може да предизвика катастрофални последици за здравјето на населението.

Директорот на Инспекторатот за животна средина, Мирослав Богдановски информира дека пред неколку дена првпат е направен инспекциски надзор во рудникот Казандол по барање на граѓански иницијативи и на терен е утврдено дека не е изградена постројката за кадатен бакар, која според концесискиот договор требало да биде завршена до февруари оваа година. Нотирани се и редица ндруги неправилности за кои јавноста и институциите ќе бидат известени во најскоро време.  

            На Конференцијата беа донесени следниве заклучоци:

  1. Да продолжи борбата против отворањето рудници опасни за здрајето и животната средина, во соработка на сите активисти од граѓанскиот и политичкиот сектор во земјата и регионот, а со подршка на Европските Зелени.
  2. Борбата да се насочи кон обезбедување правни аргументи за раскинување на досега потпишаните договори за концесија, со приоритет на рудниците Казандол и Иловица, кои се во најнапредна фаза.
  3. Правниот тим на ДОМ да продолжи да работи во соработка со граѓанските иницијативи и институциите за изнаоѓање издржани правни аргументи за раскинување на штетните договори, обештетување на државата од страна на концесионерите и барање одговорност за оние што не ги почитувале законските прописи и закони.
  4. Од министерството за финансии се бара соодветно буџетирање на Инспекторатот за животна средина за да може ефикасно да ги врши своите надлежности.
  5. Од владата се бара измена на постоечкиот Закон за минерални суровини .
  6. Се бара забрана за употреба на цијанидни раствори во рударството и
  7. Да продолжи вмрежувањето на активистите против отворање рудници од сите балкански земји.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr