| КОМПЛИЦИРАНИ АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ И ВИСОКИ КАЗНИ ЗА НЕЛИКВИДНО СТОПАНСТВО |
|
|
| Вторник, 15 Декември 2009 18:31 |
|
PRESS RELEASE
Од економскиот форум на ДОМ со тема
Комплицирани административни процедури и високи казни за неликвидно стопанство · Оправдано или не · Праведно или неправедно · Добро или лошо
Во услови на исклучително голема светска криза која се прелеа во Македонија, а со тоа и огромна неликвидност на целото стопанство на Македонија, оваа година разните инспекциски служби на администрацијата имаат изречено и наплатено големи казни од бројни македонски фирми.
Со цел на развој на издржана казнена политика, но и процедура која би ја доставиле до Владата на Република Македонија, како дел од пакетот на антикризни мерки, ДОМ организираше Економски Форум на кој се дискутираше за казнената политика во Република Македонија и штетите што таа му ги носи на македонското стопанство. Одредени мерки треба најитно да се преземат, за да се отстранат сомнежите, пред се на домашните инвеститори, дека државата воведува екстра данок на селектвни фирми преку казни и го полни буџетот преку тоа. Со тоа ќе се овозможи вистинските херои на нашето време – домашните инвеститори/претприемачи да влезат во нов инвестиционен циклус кој ни е повеќе од потребен – рече Јордан Трајков, подпретседател на ДОМ и претседател на Комисијата за економија на ДОМ. На форумот говореа и Маријана Перковска, сопственик на компанијата Ист Ком, која накратко се осврна на практичните проблеми со казнената политика и Драган Коцевски, кој изнесе неколку препораки за надминување на проблемот.
Од дискусиите изнесени на форумот произлегоа следните наоди и препораки: 1. Законската регулатива е преобемна, неусогласена и често се менува па, за малите и средни претпријатија претставува потешкотија да ја следат и применуваат. 2. Има проблеми со казнената политика и казните: - Казнувањето не се градира – во процедурата при изрекувањето на казните треба да се предвиди прво институт на опомена со давање рокови да се исправат откриените недостатоци, а потоа да се казнува - Висината на казните не ретко не е соодветна на тежината на прекршокот и на големината на фирмата, па се изрекуваат казни што малите и средни фирми не можат да ги поднесат - Начин на плаќање на казните - треба да се овозможи казните да се плаќаат на рати, наместо сегашната практика тие да мора да се платат веднаш и во целост 3. Инспекторите не се (секогаш) правични, постапката на инспекциската контрола честопати е несоодветна, а на терен се испраќаат и недоволно обучени инспектори.
Од форумот беа испратени и препораки до Владата на Република Македонија за: 1. Да се размисли за ревизија на казнената политика во стопанството, врз база на анализа на досегашпните ефекти. 2. Да се направи контрола на работењето на инспекторите, за нивната објективност при изрекувањето на казните. ПООПШИРНО ЗА НАОДИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ КЛИКНЕТЕ ТУКА
|





