| ТРИБИНА „ТУРИЗМОТ Е СЕРИОЗНА РАБОТА“ |
|
|
| Сабота, 31 Октомври 2009 17:56 |
|
ТРИБИНА „ТУРИЗМОТ Е СЕРИОЗНА РАБОТА“ одржана на 28.10.2009 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
Мерките и третманот на туризмот како една од приоритетните стопански гранки од страна на Владата на РМ годинава дадоа резултати, но на ова поле сеуште има многу да се работи и тоа: на поддршката на новоформираната Агенција за промоција и поддршка на туризмот на РМ, на дополнувањето на законската регулатива, упатството за субвенции во туризмот, кластерирањето, спроведувањето на HACCP стандардите, категоризацијата на туристичко-угостителските објекти, зачувувањето на природниот и архитектонскиот амбиент, чистотата и тн. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари- август 2009 година, во однос на истиот период од претходната година, процентот на странските туристи во Република Македонија се зголемил за 7,4%, а процентот на ноќевањата, во однос на истиот период од претходната година кај странските туристи бележи зголемување за 2,5%, а според податоците на НБРМ приходот од туризмот годинава е зголемен за 16 милиони евра.
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ТРИБИНАТА
1. Промотивните кампањи за Македонија како туристичка дестинација што годинава ги спроведе новоформираната Агенција за промоција и поддршка на туризмот - АППТРМ во неколку земји од регионот – Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, покажува позитивни резултати на крајот од туристичката сезона, со значително зголемување на бројот на туристи што годинава ја посетиле Македонија. Програмата на Агенцијата за наредната година предвидува нови алатки и методи за туристичка промоција на Македонија и уште поефикасно делување на полето на промоцијата и поддршката на туризмот, а една од нив е и герила маркетингот. 2. Потребни се измени во Законот за туристичка дејност во насока на подобрување и допрецизирање, за непречено вршење на дејноста, како и воведување нови категории за поддршка и развој на планинскиот туризам, за кој Македонија има извонреден потенцијал. Измените и дополнувањата на овој закон ги подготвија ДОМ и Стопанската комора за туризам на Македонија - СКТМ и веќе на почетокот на ноември пратеничката Лилјана Поповска, претседател на ДОМ, ќе ги достави до Собранието. 3. Потребни се промени во Законот за образование што ќе им овозможат на матурантите од средните угостителски училишта да се образуваат на факултетите за туризам, како и осовременување на наставните планови и програми во кои ќе се предвидат повеќе часови практична настава. 4. Потребно е повторно да се формира кластер за туризам што ќе ги опфати сите туристички субјекти и ќе даде нов импулс во развојот на туризмот во РМ. |





