СЛЕДИ ГО

ЗЕЛЕНОТО

Актуелно

  • Почетна
  • Центар за комуникации
    • Прес
    • Информации
    • Колумни
  • Информации од јавен карактер
  • Галерии
  • Проекти
  • Прашање до ДОМ
  • Контакт
  • Пропаганден материјал

Документи

  • Статут
  • Историјат
  • Раководство
  • Структура
  • Симболи
  • Пристапница
  • ____________________________
  • Локална самоуправа
  • Градоначалник
  • Советници

 

Превземи програма во .pdf


Билтени


Превземи Манифест во .pdf


Година на Македонскиот јазик

JoomlaWatch Stats 1.2.7 by Matej Koval


АПЕЛ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА Печати Е-пошта
Среда, 24 Јуни 2009 11:11

Комисијата за туризам на ДОМ, по направените анализи, а согледувајќи ја лошата состојба во која се наоѓаат граничните премини во Република Македонија, апелира до надлежните институции на национално и локално ниво да се мобилизираат и да преземаат соодветни активности, со цел Македонија подготвено да го дочека почетокот на туристичката сезона. Република Македонија и нејзините институции имаат една недела за да се подобрат состојбите на граничните премини.

 

Владата на Република Македонија, во изминатиот период одвои значајни финансиски средства за туристичка промоција на земјава во светот преку учество на туристички саеми, емитување телевизиски спотови, печатени материјали и др. ДОМ, кој од почетокот се залагаше за таква промоција на земјата, овие чекори ги поздравува и смета дека интензитетот на нашата промоција треба уште повеќе да се засили. Но ниедна промоција не може да го избрише првиот впечаток  кој ќе го добијат туристите откако ќе наидат на неуредените и запуштени гранични премини Табановце, Богородица, Деве Баир, Ќафасан и другите.

 

ДОМ, граничните премини ги поистоветува со прагот на една куќа. Сликата добиена тука мора да биде позитивна, а не тие самите по себе да бидат „туристичка атракција“ и, на снимените фотографии, што туристите ќе ги понесат од Македонија граничните премини да бидат предмет на покажување и идентификација, наместо богатото културно, историско и природно богатсво со кое изобилува Македонија.

 

Додека едни ги вложуваат сите свои напори за Македонија да ја претстават во што е можно подобро светло, ние од ДОМ не можеме да прифатиме други да  не си ги извршуваат поставените задачи. Затоа, недовршената работа да се доврши. Апелираме, граничните премини да се уредат и опремат со неопходна инфраструктура: ресторани, продавници за сувенири и рекламни материјали, информативни бироа, менувачници, и не помалку важно тоалети и контејнери. Со еден збор,место, каде странските посетители ќе бидат пречекани и испратени од ведри лица, локации на кои ќе се добијат првите информации за земја која има што да понуди. 

 

Тоа е начинот на кој Република Македонија секоја наредна година ќе привлекува се поголем број гости кои ќе станат пријатели на Македонија и во својата земја ќе однесат добри впечатоци. Туризмот треба да ни донесе економска и политичка добивка, што е извонредно значајно за нашето понатамошно приближување кон Европската Унија и зајакнувањето на меѓународната позиција.

 

    cssandhtml