Дом

Requirements

 Macedonian English

Articles

ДОМ на 4-тиот Конгрес на Европската Зелена Партија

DOM_i_Kristof_Najdovski

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска и секретарот за меѓународна соработка на ДОМ, Тони Ристов, од 11 до 13 ноември присуствуваа на 4-тиот Конгрес на Европската Зелена Партија, кој се одржа во Париз, притоа остварија средба и со заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, кој доаѓа од редовите на француските Зелени, а на средбата беа споделени одредени искуства од функционирањето на градската власт во Париз и се разгледуваа можностите за соработка со Скопје.·

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска и секретарот за меѓународна соработка на ДОМ, Тони Ристов, од 11 до 13 ноември присуствуваа на 4-тиот Конгрес на Европската Зелена Партија, кој се одржа во Париз.

Делегацијата на ДОМ оствари кратки средби со членовите на раководството на Европската Зелена Партија (ЕЗП), ко-претседателката, Моника Фрасони и генералниот секретар, Жаклин Кремерс; со пратеникот од Зелената група во Европскиот Парламент Рајнард Бутикофер и со генералниот секретар и пратеник во националниот парламент од шведската Зелена партија; Агнета Борјесон со кои се разговараше за продлабочување на соработката на ДОМ со европските зелени партии, а исто така и за експертска помош за надминување на одредени состојби со животната средина во Македонија, како што е велешката Топилница и основањето на Зелен катастар во град Скопје. 

 Во подолга средба се задржаа со заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, кој доаѓа од редовите на француските Зелени, а на средбата беа споделени одредени искуства од функционирањето на градската власт во Париз и се разгледуваа можностите за соработка со Скопје. 

 Пред делегатите од Европските зелени имаше обраќање претседателскиот кандидат од француските Зелените Ева Жоли, која рече дека се надева дека – Франција и Европа ќе направат напори за да ја извршат толку неопходната транзиција кон зелената економија и зелената енергија. Ние европските зелени имаме сон, Во овие турбулентни времиња потребен ни е заеднички сон, заедничка евроска визија за одрѓлива иднина. Да се обединиме и да го наравиме тој сон стварност.

EZP_Kongres_Pariz_-_Eva_Joly__EZP

На Конгресот беше усвоена и Париската декларација составена од 12 точки меѓу кои: да се преземат политики и да се креираат инструменти за грчкиот долг да стане одржлив; создавање на Европски финансиски стабилизациски фонд (ЕФСФ); засилено пререгулирање на европската финансиска индустрија; создавање на Европски монетарен фонд; Конвенција за нова Европа и др.

EZP_Kongres_Pariz_01

Петстотината делегати од зелените партии на Европа на овој конгрес внимание посветија и на политиките за претстојната Конференција на земјите членки на Обединетите Нации (КОП 17), кој ќе се одржи во Дурбан, Јужна Африка.

{flike}

Додадете коментар


Alternative flash content

Requirements