Прес - МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СТОЛБ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ
- На денешната прес конференција на ДОМ, претседателката Лилјана Поповска ги повика сите граѓани на Република Македонија, политичките партии, невладините организации, како и сите Македонци во светот, да се сплотат околу одбраната на македонскиот идентитет. Да се активираат сите институции и организации во широка координирана мрежа, за конечно да се направи силно македонско лоби.
- Сведоци сме како политичкото и економското го голтаат социјалното – рече денеска на прес конференцијата на ДОМ Звонко Шавревски. Токму затоа ДОМ, како една од главните цели во своето дејствување ја има заложбата за социјална правда преку владеењето на социјалното право и правичност, спроведувањето на социјална политика според современите европски стандарди, здравствена заштита за сите граѓани и еднакви можности за сите со грижа за маргинализираните групи.
- ДОМ е единствената партија која екологијата ја постави на врвот на своите програмски приоритети. ДОМ во своите програмски заложби, особено внимание посветува на здравата животна средина и одржливиот развој, како клучни аспекти за развојот на општеството и економијата. Веруваме дека ова се основите на прогресот на Република Македонија како мала земја по површина со ограничени природни и човечки ресурси.
- ДОМ реагира на исходот од седницата на Европарламентот, на која беше прифатен извештајот за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциските процеси. За жал во крајната верзија на извештајот, беше прифатен грчкиот амандман со кој решавањето на спорот околу името стана услов за нашата евроинтеграција и покрај жестокото