ИНИЦИЈАТИВА НА ДОМ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ КАКО ГОЛЕМА МОЖНОСТ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА
ДОМ покренува иницијатива и се обраќа до министрите за финансии и економија, да се завземат за користење Зелени кредити во Република Македонија. Тоа е можност за раздвижување на македонската економија преку инвестиции во заштитата на животната средина, заштедата на енергија, креирањето нови зелени вработувања и користење обновливи извори на енергија.
Зелените кредити се на располагање на земји што не ја загадуваат атмосферата со јаглероддиоксид над одредената граница. Македонија има мала емисија на јаглерод диоксид во однос на поразвиените земји. На овој начин дополнително ќе ја намалиоваа емисија, а ќе може да ја зголеми својата конкурентност на меѓународниот пазар за Зелените кредити, воспоставени со Кјото протоколот, за прилив на свеж капитали трансфер на нови технологии. Тоа на државата ќе и помогне и за формирање на фондови за Зелени кредити, наменети за стопанството.
ЗЕЛЕНАТА ПОЛИТИКА ВО ЕВРОПА И ВО МАКЕДОНИЈА – РЕЗУЛТАТИ И ПЕРСПЕКТИВИ
По повод гостувањето на претставници на Европските Зелени, ДОМ одржатрибина на тема „Зелената политика во Европа и во Македонија – резултати и перспективи“. Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска,поздравувајќи ги гостите ја истакна важноста на оваа посета, која значи унапредување и подигнување на нивото на соработката и релациите на ДОМ со Европските Зелени која започна уште минатата година.
Во својот поздравен говор проф. Д-р Димитар Мирчев, претседател на Советот на ДОМ, нагласи дека активното присуство на зелената опција (преку ДОМ) во македонскиот политички амбиент е битно за нашите евроинтегративни процеси.
За резултатите од изборите за Европскиот парламент и развојот на зелената политика во Европа зборуваше г. Ане Де Бер, од партијата Groen Links од Холандија, кој ги истакна добрите резултати што Европските Зелени ги постигнаа на неодамна одржаните Европарламентарни избори. Презентирајќи ја генезата и развојот на зеленото движење во европските земји, тој посочи дека зеленото движење во ЕУ е во постојан подем и се повеќе европски граѓани се определуваат за оваа политичка опција. Причините за ова лежат во фактот што зелената опција нуди одговори и решенија на глобалните предизвици од крајот на 20. и на почетокот на 21. век.
На денешната прес конференција пратеникот и иницијатор на Годината на македонскиот јазик, Лилјана Поповска од ДОМ укажа дека треба да се почитува Законот за безбедност во сообраќајот, донесен во 2007 година и во склад со Рамковниот договор, во кој се регулира пишувањето на сообраќајните знаци во Република Македонија.
Имено, според член 195, сообраќајните знаци се пишуваат на македонски јазик со кирилично писмо, како и на англиски и на француски јазик. Во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се пишуваат и на тој јазик и писмо. Веројатно поради грешка во ЈП Македонија пат кое ги поставува сообраќајните табли, англиската, односно француската верзија, се на некои места пропуштени.
Демократската обнова на Македонија ќе се заземе да престане уништувањете на Парк-шумата Водно поради непланското и нечовечно урбанизирање на истата.
Имено, градежните зафати полека но сигурно ги колонизираат ниските падини на Водно, навлегувајќи и во границите на заштитеното подрачје на парк-шумата Водно.
По узурпацијата на падините на Водно над Жданец и Трнодол, сега бездушно се уништува и урбанизира дел од парк шумата над хотелот Панорама, со изградба на грди огромни висококатници.
ДОМ сака јавно да го постави прашањето: Зарем се заборавени сите напори на бројни генерации Скопјани од 50тите, 60тите и 70тите години, кои не се штедеа себеси во работните акции за пошумувањето на белите дробови на Скопје, нашето Водно.
И зарем е можно кога низ целата држава се подржуваат акции за пошумување, кога прогласивме и ден на дрвото, кога сакаме во Европа за која еден од приоритетите епочитувањето на еколошките стандарди, некому да му биде дозволено даја сече иуништува шумата која е природен заштитник на Скопје, која го прочистува воздухот и не брани од поплави, ерозија и лизгање на земјиштето.
АПЕЛ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА
Комисијата за туризам на ДОМ, по направените анализи, а согледувајќи ја лошата состојба во која се наоѓаат граничните премини во Република Македонија, апелира до надлежните институции на национално и локално ниво да се мобилизираат и да преземаат соодветни активности, со цел Македонија подготвено да го дочека почетокот на туристичката сезона. Република Македонија и нејзините институции имаат една недела за да се подобрат состојбите на граничните премини.
Владата на Република Македонија, во изминатиот период одвои значајни финансиски средства за туристичка промоција на земјава во светот преку учество на туристички саеми, емитување телевизиски спотови, печатени материјали и др. ДОМ, кој од почетокот се залагаше за таква промоција на земјата, овие чекори ги поздравува и смета дека интензитетот на нашата промоција треба уште повеќе да се засили. Но ниедна промоција не може да го избрише првиот впечатоккој ќе го добијат туристите откако ќе наидат на неуредените и запуштени гранични премини Табановце, Богородица, Деве Баир, Ќафасан и другите.