ЗЕЛЕНА ПРОГРАМА

Актуелно

  • Почетна
  • Центар за комуникации
  • Информации од јавен карактер
  • Галерии
  • Проекти
  • Прашање до ДОМ
  • Контакт
  • Пропаганден материјал

Документи

  • Статут
  • Историјат
  • Раководство
  • Структура
  • Симболи
  • Пристапница
  • ____________________________
  • Локална самоуправа
  • Градоначалник
  • Советници

 

Превземи програма во .pdf


Билтени


Превземи Манифест во .pdf


Година на Македонскиот јазик

JoomlaWatch Stats 1.2.7 by Matej Koval


Екологијата неопходна за поквалитетен живот во Република Македонија
ДОМ, како партија на зелената опција ја поздравува јасната заложба на владата да и посвети сериозно внимание на екологијата и заштитата на животната средина. Ова е прва Влада што сериозно се посвети на екологијата. Го поздравуваме носењето на законите, чистењето на  Вардар и редица други активности во таа насока.Но, доследни на својата зелена определба, ДОМ ќе иницира дополнителни допрецизирања на законската регулатива и целосно хармонизирање на законите за отпад, јавна чистота и локална самоуправа.Иако со години невладините еколошки организации со голем ентузијазам се залагаат за подигање на еколошката свест во Македонија, екологијата кај нас е сеуште недоволно разбрана со сето нејзино значење во современиот свет. Оттука се појавуват редица недоречености и непрецизности во законите.
Повеќе...
 
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ ДА СЕ ВОЗДРЖИ ОД ПАРТИСКО ДЕЈСТВУВАЊЕ
ДОМ ја изразува својата загриженост, за политичката клима која владее во земјава, во време на тешки и сериозни разговори за името, наметнати од јужниот сосед.Особено загрижува однесувањето на претседателот Црвенковски кој секојдневно излегува надвор од рамките што ги определува уставот за таа функција.Непримерно е за еден претседател на држава да се однесува како опозиционен лидер и да води внатре партиска кампања за свое позиционирање.Уште понекоректно е да води кампања против владата, а наместо кохабитација гледаме некоректни подметнувања во многу деликатно време за меѓународното позиционирање на Република Македонија.
Повеќе...
 
Решавање на статусот на професионалните војници во АРМ
 Претседателката на ДОМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Лилјана Поповска се сретна со делегација на Здружението на професионалните војници на АРМ, кое беше предводено од професионалниот војник Гордан Бојковски, кој е и координатор на здружението. Ова здружение побара од  Поповска таа да се заложи за решавање на нивниот работен и социјален статус, со тоа што ќе се зголеми границата за служење во професионалниот состав на АРМ од 38 години навршена старост на 45 години, кое е во согласност со стандардите на НАТО.
Повеќе...
 
РЕАКЦИЈА НА ДОМ ПО ПОВОД АБОЛИЦИЈАТА ЗА ЗАЕВ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ

Почитувани, 

ДОМ е против уставната можност на Претседателот на државата да дава аболиција, бидејќи во светот аболицијата многу ретко се користи и во многу ретки и исклучителни случаи, а овој случај не е таков. 

ДОМ смета дека со ваква злоупотреба на аболицијата од страна на Претседателот се руши правниот поредок на државата, бидејќи се оневозможува некое обвинение, дури и да е паушално, да се докаже или да се демантира низ судскииот систем, а во овој случај станува збор за кримиинална малверзација, а не политички бенефит. Со оглед на тоа дека воопшто не е почитувана вообичаената постапка за давање аболиција, ДОМ оценува дека се работи за преседан со кој Претседателот на РМ ја продлабочува наводната политичка криза во државата. СДСМ со ова докажа дека врши притисок во континуитет врз судот на еден апсолутно непримерен начин, додека претседателот, кој е инспиратор на се што прави СДСМ, аболицира.
Повеќе...
 
Седница на Центарлен одбор

На 08.07.2008 г., во салата на Националниот совет на инвалидски организации на Република Македонија - Даре Џамбаз,  се одржа седница на Централниот одбор на ДОМ. Потпретседателката Соња Лепиткова, како шеф на Централниот изборен штаб за парламентарните избори 2008 година поднесе извештај пред членовите на Централниот одбор од чија страна беше усвоен. Воедно беше верифицирано и формирањето на општинските организации на ДОМ во Свети Николе и Крива Паланка и изборното собрание на МОДОМ, а беше формирана и комисија за локална самоуправа. Претседателката Поповска, во своето обраќање пред членовите на на ЦО го изрази задоволството и упати пофални зборови на  сплотеноста на ДОМ за време на изборната кампања и преземените активности, во насока на што е можно поголема видливост на партијата во политичкиот живот на земјата.  

 
Повеќе Артикли...
  • ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА МОДОМ
  • ВЕЛОСИПЕДСКИ МАРАТОН ГАЛИЧИЦА – ПРВА ПЛАНИНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ВО МАКЕДОНИЈА
  • ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА: ДОМ се солидаризира со Велешани
  • ЗЕЛЕНИТЕ ГИ УРИВААТ БАРИЕРИТЕ
  • Обраќање на Лилјана Поповска
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

    cssandhtml