СООПШТЕНИЕ од одржаното советување на Советот на ДОМ
ДОМ се подготвува за локалните и претседателските избори
Без оглед како ќе одлучиме да настапиме на локалните избори 2009, самостојно или во коалиција, ДОМ сериозно се подготвува за учество не претстојните избори. Со денешното советување започнуваат внатрепартиските консултации за претстојните разговори со коалиционите партнери, беше кажано на денешната седница на Советот на ДОМ којa се одржа во проширен состав и на која беа сондирани мислењата и отпочнаа консултациите за претстојните локални и претседателски избори, кои ќе продолжат во општинските организации.
СООПШТЕНИЕ од одржаното советување на Советот на ДОМ
Став на ДОМ во врска со актуелната надворешната политика на Република Македонија
ДОМ последнава година беше многу активен во надворешната политика, внатре во државата и надвор. Активно учествувавме во обликувањето на ставовите и позициите на коалицијата. Тоа најдобро се гледа од активностите на претседателката Лилјана Поповска, потпретседателката Соња Лепиткова, останатите функционери, комисии и со нашето учество во јавниот живот и публицистиката. Со ова ДОМ потврди дека има таков потенцијал со кој може да придонесе во формулирањето и водењето на надворешната политика – со овие зборови претседателот на Советот на ДОМ проф. д-р Димитар Мирчев ја отвори седницата на Советот на ДОМ во проширен состав.
Во последниот извештај од Европската комисија значителен простор е посветен на делот за напредокот на Македонија на планот на животната средина. Всушност, најголем досега, што го потврдува ставот дека за првпат една Влада посветува толку внимание на оваа тема. Но, кога ќе се спомне екологија и животна средина, просечниот наш Македонец веднаш помислува на метли, ќеси, канти и на други орудија за чистење. Сликата се дополнува со мали групи составени претежно од жени, младинци и од комуналци во портокалови униформи, како активисти во локална акција. Ако, тоа не е лошо ни погрешно. И тоа е дел од грижата за животната средина. Но, постои и друга страна, многу малку позната кај нас. Екологијата е и економска приказна, која зборува за зелена енергија, за зелени работни места.
Став на ДОМ во врска со 100 дена работа на владата
ДОМ позитивно ја отценува работата на владата во изминатите 100 дена. Работеше според програмата за која сме се договориле, со истиот ентузијазам и динамика како и во претходниот мандат. Владата успеа да го задржи курсот на економскиот развој и борбата со организираниот криминал и корупцијата што беа главни барања на нашите граѓани со години.
ДОМ е задоволен и од реализацијата на нашите програмски приоритети: екологија, туризам, социјална политика, еднакви можности за сите.
Екологијата и туризмот за прв пат сериозно се третираат од една влада. Одамна немало подготвеност од државата за толкав број сериозни инфраструктурни еколошки проекти и многубројни акции и активности за решавање на проблемот со јавната чистота и водите.
Партијата за европска иднина и Демократската обнова на Македонија, тргнувајќи одразвојнитенасоки на Република Македонијаи посебно од своитеполитички и програмскиприоритети, денеска потпишаа меморандумзазаедничка соработка, координација и усогласување во своето политичко делување. Меморандумот беше потпишан во присуство на членовите на двете партии.