ТРИБИНА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ: ДАЛИ МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛСКИОТ ТУРИЗАМ?
Република Македонија како планинска земја со голем број села, со благи климатски услови, со богатство на шуми, извонредни пејзажни вредности на релјефот, богата хидрографија, традиционална гастрономска понуда има голем потенцијал за развој на руралниот туризам како дел од алтернативниот туризам, истакна во својот поздравен говор на трибината за руралниот туризам Лилјана Поповска, претседател на ДОМ, инаку организатор на трибината.
Во своите воведни излагања тоа го потврдија и доцентите од Институтот за географија при ПМФ, Ивица Милевски и Билјана Апостоловска Тошевска. Препознавајќи го потенцијалот за развој на руралниот туризам, Владата на РМ преку финансиската поддршка на Секторот за рурален развој во МЗШВ и основање на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја даде и системската поддршка за развој на руралниот туризам.
ПРАВОТО ДА БИРАШ И ДА БИДЕШ БИРАН Е УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНО
Извадоци од изјавата на г-ѓа Лилјана Поповска, претседател на ДОМ, дадена во Собранието на Република Македонија на 02.02.2009
Сакам да апелирам до сите институции политички партии и поединци да го овозможат демократското право за собирање на потписи за претседател, градоначалници и советнички листи за претстојните претседателски и локални избори. Тоа е уставно загарантирано право и нема право никој да го попречува. Такви случаи во Македонија имавме при собирањето потписи за референдумот за новата територијална поделба и тоа не смее да ни се случи повторно.
Како пратеник и како претседател на собраниската комисија за еднакви можности сакам да го поздравам поднесувањето кандидатура на две жени, Мируше Хоџа и Слаѓана Тасева. Тоа покажува дека демократската свест во Македонија оди напред, но треба да овозможиме тоа докрај да биде реализирано, бидејќи правото да бираш и да бидеш избран е уставно загарантирано право. И затоа денешниот апел е токму во насока да се овозможи реализирањето на овој процес, било тоа да е за претседател, како што е случајот со г-ѓа Тасева, градоначалник или советници.
Трибина: ОБНОВЛИВАТА ЕНЕРГИЈА КАКО ПОТЕНЦИЈАЛ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
Енергијата ја има клучната улога за понатамошниот економски развој на современото општество. Современиот начин на живеење и сите индустрии зависат од енергијата. Ресурсите кои ги користиме во моментов се повеќе се намалуваат и во следните две-три децении целосно ќе исчезнат, што неминовно води кон енергетска криза. Тие се најодговорни за климатските промени и опстојувањето на постоечката цивилизација.
Развиените земји, но и земјите во развој, конечно разбраа дека треба да се промени начинот на производство на енергија и изворите за искористување. За таа цел преземаа сериозни активности на сите нивоа во економскиот, но и политичкиот живот. Рака под рака, економијата,науката и политиката создаваат услови за максимално искористување на обновливите извори на енергија.
Трибина на ДОМ - Наставните планови и програми - применливост на знаењата
Во организација на комисијата за образование на ДОМ, денеска во Клубот на пратеници се одржа трибина на тема „Наставните планови и програми – применливост на знаењата”. Отворајќи ја трибината, Лилјана Поповска, претседател на ДОМ и пратеник во Собранието на РМ, акцентираше дека наставните планови и програми се оптоварени со фактографија и не се приспособени кон возраста на учениците и токму потребата од нивно менување беше повод за трибината. Како гости на трибината присуствуваа стручњаци од областа на образованието од Бирото за развој на образованието, наставници и професори во основното и во средното гимназиско и стручно образование, како и ученици од неколку средни училишта.
Партијата за Демократска обнова на Македонија (ДОМ), во соработка со друштвото за планинарски спортови Трансверзалец одржа трибина со наслов „Планините нови туристички центри”, на овој начин се одбележа 11. декември - Светскиот ден на планините.
Претседателот на ДОМ Лилјана Поповска во обраќањето истакна дека – Македонија има извонредни услови за планинскиот туризам, но потребна е поголема посветеност во негово промовирање и преземење на искуствата од земјите со поголема традиција на ова поле како што се Словенија, Австрија, Чешка.
Според проф. д-р Јовица Угриновски, претседател на Федерација на планинарски спортови на Македонија „Имаме алки, но ни недостасува поврзаноста на алките. Да најдеме начин да ги обединиме, да сфатат луѓето од институциите што значи туризмот”.