ЗЕЛЕНА ПРОГРАМА

Актуелно

  • Почетна
  • Центар за комуникации
  • Информации од јавен карактер
  • Галерии
  • Проекти
  • Прашање до ДОМ
  • Контакт
  • Пропаганден материјал

Документи

  • Статут
  • Историјат
  • Раководство
  • Структура
  • Симболи
  • Пристапница
  • ____________________________
  • Локална самоуправа
  • Градоначалник
  • Советници

 

Превземи програма во .pdf


Билтени


Превземи Манифест во .pdf


Година на Македонскиот јазик

JoomlaWatch Stats 1.2.7 by Matej Koval


ДОМ бара дислокација на мостот Влајко – несакан подарок од Стевче Јакимовски

ДОМ на идната општинска власт во Карпош и препорачува дислокација на мостот Влајко. Објект кој ја нагрдува сликата на урбано Скопје.

 

Во овој објект изграден во времето кога градоначалник на општина Карпош беше и сегашниот кандидат за градоначалник на оваа општина, Стевче Јакимовски, беа инвестирани над 1,5 милион евра. Инвестиција која слободно можеме да кажеме дека претставува залудно потрошени средства, а за да биде состојбата уште полоша овој објект има заостанати долгови кои треба да се исплатат до 2010.

 

Како архитектонско решение мостот Влајко претставува архитектонски кич.

Повеќе...
 
ОБНОВУВАЊЕ НА ФОНДОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ОБНОВЛИВИ ЕНЕРГИИ

Во Република Македонија постои ургентна потреба од „подигнување на рампата“ за инвестициите во областа на животната средина, пред сè за подобрување на инфраструктурата за животна средина и на еколошките перформанси на индустријата и на другите сектори. Усогласувањето на македонското законодавство со тоа на ЕУ е предуслов за прием во Унијата, а инвестициите што се потребни за тоа изнесуваат најмалку милијарда евра, изјави заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова на конференцијата на тема „Обновување на Фондот за животна средина и обновливи енергии“. Таа во своето обраќање пред стручната јавност, претставниците од институциите и НВО секторот се заложи за обновување на Фондот за животна средина како институција независна од МЖСПП, чии приоритети ќе бидат оние утврдени со Националниот еколошки акционен план (НЕАП) и Стратегијата за инвестиции.

Повеќе...
 
ДОМ ѝ предлага на Владата конкретни мерки за усогласување на приватниот и професионалниот живот на жените

Лилјана Поповска, претседател на ДОМ

 Родовата рамноправност е еден од приоритетите на ДОМ како зелена партија. Тоа е дел од човековите права и една од милениумските цели на ОН.

Во очи на 8.март сакаме да им го честитаме празникот на сите жени во Македонија со една конкретна иницијатива.

Имено, на Владата ѝ предлагаме социјални мерки со кои ќе се овозможи усогласување на приватниот и професионалниот живот на жените:

  1. двосменско работење на градинките
  2. проширување на дневниот престој во училиштата
  3. обезбедување градинки за социјално загрозените семејства.

 Билјана Дејановска Димитриевска, координатор на Форумот на жени на ДОМ

 Овие мерки се во функција на превенција, за здрав и квалитетен живот на децата, во функција на популационата политика на Владата, и овозможуваат на жената да се реализира и како мајка и како професионалец, по примерот на Франција кој дал одлични резултати и во функција на економскиот развој, преку отворање нови работни места.

 
ОБНОВЛИВИТЕ ЕНЕРГИИ, ЕДЕН ОД ПРЕДУСЛОВИТЕ ЗА УСПЕШНА ЕКОНОМИЈА

Клучниот предизвик за успешна македонска економија е енергетската стабилност и што помала зависност од увоз на енергија. Со таа цел ДОМ, денес, на 5 март, Светскиот ден на заштеда на енергија, упатува неколку препораки до Владата на Република Македонија и до експертската јавност кои ја подготвуваат Националната стратегија за енергија.

 

Република Македонија во најскоро време мора да се придружи со практични показатели кон Европскиот стратешки план за енергија и технологија, кој предвидува 20% од вкупно произведената енергија да потекнува од обновливите извори.

 

Македонија поседува потенцијал не само да го достигне тоа, туку и да го надмине. Истражувањата направени во изминатите години на разни локации низ земјата, тоа го потврдуваат. Потенцијалот во обновливите енергии добиени од сонце, ветер, вода, геотермални извори и биомаса може да ги ублажи потребите од увоз на скапа електрична енергија.

Повеќе...
 
Седница на Централен одбор

ЦО НА ДОМ СО ОДЛУКА ЗА КОАЛИЦИОНЕН НАСТАП НА ИЗБОРИТЕ

 

 

    Централниот Одбор на ДОМ на денешната седница донесе одлука да го поддржи претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Иванов и кандидатите за градоначалници и советничките листи на владеачката коалиција.

 ДОМ на локалните избори ќе партиципира во коалицја со ВМРО ДПМНЕ и другите коалициони партнери со свои кандидати. Со оваа одлука продолжува соработката во коалицијата на веќе започнатите позитивни процеси кои треба да бидат преточени на локално ниво.

Повеќе...
 
Повеќе Артикли...
  • ТРИБИНА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ: ДАЛИ МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛСКИОТ ТУРИЗАМ?
  • ПРАВОТО ДА БИРАШ И ДА БИДЕШ БИРАН Е УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНО
  • Трибина: ОБНОВЛИВАТА ЕНЕРГИЈА КАКО ПОТЕНЦИЈАЛ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • Трибина на ДОМ - Наставните планови и програми - применливост на знаењата
  • „Планините нови туристички центри”
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

    cssandhtml