СЛЕДИ ГО

ЗЕЛЕНОТО

Актуелно

  • Почетна
  • Центар за комуникации
  • Информации од јавен карактер
  • Галерии
  • Проекти
  • Прашање до ДОМ
  • Контакт
  • Пропаганден материјал

Документи

  • Статут
  • Историјат
  • Раководство
  • Структура
  • Симболи
  • Пристапница
  • ____________________________
  • Локална самоуправа
  • Градоначалник
  • Советници

 

Превземи програма во .pdf


Билтени


Превземи Манифест во .pdf


Година на Македонскиот јазик

JoomlaWatch Stats 1.2.7 by Matej Koval


Трибина на форум на жени: ЗАКОНСКО РЕГУЛИРАЊЕ НА МОБИНГ-от

Во своето излагање Лилјана Поповска истакна дека ДОМ како поддржувачи на еднаквите можности на сите граѓани иницира законско регулирање на мобингот, за што до сега не е превземено ништо, иако голем дел од европските директиви ги спроведовме и ова е уште едно прашање кое треба да се покрене за почитување на еднаквите можности.

 Заштита на работникот а од тука и  како психичко малтретирање на работното место како специфичен начин на дискриминирање на личноста е прашање кое е  едно од заложбите на ДОМ како партија.

Повеќе...
 
ДОМ предлага Декларација за зелени општини во Македонија

Демократската обнова на Македонија - ДОМ по повод Денот на планетата Земја и лошото рангирање на Македонија на светската еколошката рејтинг листа ги повикува сите градоначалници, советници, невладини организации, политички партии и претставници на бизнис заедницата да ја поддржат Декларацијата за зелени општини

Декларацијата предлага заштеда на енергија, користење обновливи извори на енергија, отворање зелени работни места и зелени бизниси во општините, поддржува производство на органска храна.

 Сите потписници на оваа декларација се обврзуваат за решавање на проблемите со водоснабдувањето, третманот на отпадни води, преземање активни мерки против загадувањето на воздухот, водата, почвата, надминување на сообраќајниот хаос.

Повеќе...
 
САЕМ НА ЗЕЛЕНИ ИДЕИ НА ДОМ

Во организација на ДОМ денеска на Плоштадот „Македонија“ се одржа Саем на зелени идеи. ДОМ, како партија на зелената опција, иницираше ваков настан за последниот ден на кампањата за Локалните избори 2009, за да им овозможи на граѓаните да ги дадат своите идеи за зелено Скопје и зелена Македонија. За таа цел на граѓаните им беше поделен флаер со место предвидено за нивни „зелени“ идеи и беа поставени зелени кутии во кои тие ги оставија своите предлози и ставови.

Во изјавата за медиумите претседателката на ДОМ Лилјана Поповска истакна дека ДОМ како партија на зелената опција во оваа кампања понуди своја Зелена програма, но сака да го слушне и мислењето на граѓаните какво Скопје сакаат и нивните идеи како да ги достави до идниот градоначалник на Скопје.

Повеќе...
 
ДОМ со осуда за случувањата од плоштадот и апел за разум и одговорност

ДОМ излегува со осуда на вчерашните случувања од плоштадот Македонија.  Очекуваме надлежните органи да ги преземат сите неопходни мерки за откривање и казнување на сторителите на насилничките активности.

 ДОМ апелира до граѓаните, политичките и други субјекти да бидат свесни дека во овие моменти сите заедно носиме одговорност со своето однесување за иднината на државата. Затоа ДОМ апелира на разум и одговорност од сите.

 Времето на изборите не треба да се злоупотребува за отварање теми кои бараат поопсежни дебати за постигнување стручени и граѓански конзенсус. Веруваме дека  по завршувањето на изборите и по добивањето позитивен извештај од страна од домашната и меѓународната јавност ќе има доволно време да се договориме што и каде ќе се гради. Затоа е потребна мирна атмосфера, каде ќе бидеме ослободени од предизборен политички маркетинг.

 Треба и понатаму да се учиме на толеранција и почитување на различните ставови. Различните ставови не треба да бидат причина за меѓусебна омраза,  а уште помалку за казна или физичка пресметка.

 
ДОМ ПРОМОВИРАШЕ ПРВА ЗЕЛЕНА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Демократската обнова на Македонија – ДОМ во саботата во Холидеј ин ја промовираше својата Зелена програма со слоганот „Следи го зеленото“, прва зелена програма за локални избори во Македонија. Промоцијата на Зелената програма истовремено беше и одбележување на тригодишнината од постоењето на партијата.

„Македонската политичка сцена за првпат ја добива својата Зелена програма, како политичка платформа на зелената опција што ја застапува ДОМ. По тригодишно искуство како парламентарна партија и по поминати два изборни циклуса во 2006 и 2008 година, ДОМ за првпат се појавува на локални избори. За таа цел е подготвена изборна програма со приоритети, заложби и проекти, за чие исполнување ќе се залагаат нашите избрани претставници во локалната власт, но и сите ние што се стремиме кон зелена Македонија, европска Македонија, Македонија - наш дом, дом за сите“, рече од говорницата претседателката на партијата, Лилјана Поповска. Таа ја искажа решеноста партијата да истрае во оваа пионерска мисија за пробивање на прогресивни идеи во нашата земја, дел како стандарди што ни требаат на патот кон евроатлантските интеграции, а дел како визија за иднината. Искажувајќи го ставот дека „зелената опција значи поддршка за економскиот развој на земјата, но не по цена на нашето здравје и квалитет на живот“, Поповска истакна дека највлијателните земји и државници во светот веќе ја сместија зелената приказна и зелените работни места во своето политичко дејствување и потсети дека новиот американски претседател Обама најавува специјална програма за инвестирање во нови зелени работни места.

ДОМ на оваа прослава ги претстави и своите кандидати за советници за Град Скопје и за општина Центар, проф. д-р Антони Новотни и Насер Хот, од советничките листи на Коалицијата За подобра Македонија.

 
Повеќе Артикли...
  • ДОМ бара дислокација на мостот Влајко – несакан подарок од Стевче Јакимовски
  • ОБНОВУВАЊЕ НА ФОНДОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ОБНОВЛИВИ ЕНЕРГИИ
  • ДОМ ѝ предлага на Владата конкретни мерки за усогласување на приватниот и професионалниот живот на жените
  • ОБНОВЛИВИТЕ ЕНЕРГИИ, ЕДЕН ОД ПРЕДУСЛОВИТЕ ЗА УСПЕШНА ЕКОНОМИЈА
  • Седница на Централен одбор
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

    cssandhtml