Активности

Влог во младината - добивка за иднината

Tribina Forum2

Денешната трибина организирана од Форумот на жените на ДОМ, на тема „Влог во младината – добивка за иднината“, се одржа под мотото на Ф. Рузвелт: „Ние не можеме постојано да ја креираме иднината на нашите деца, но можеме да ги креираме нашите деца за иднината“. Беше искажана загриженост од состојбите на однесувањето на децата и младите, но беа понудени и излезни решенија за справување и надминување на овие состојби.

Повеќе...

III-то Изборно Собрание на Форум на жени на ДОМ

forum-na-zeni-bitola-1

Во Битола во присуство на над 230 делегати од сите општински организации на ДОМ се одржа третото Изборно Собрание на Форумот на жени на ДОМ. На Собранието беа избрани новите претставници на органите на Форумот на жени на ДОМ. За Председател на Форум на жени на ДОМ е избрана Д-р Маја Морачанин. Потпредседатели се Бети Дејанова, Силвана Кржовска и Жанета Станоевска, за секретар Д-р Тања Ѓуковиќ, а за Организационен секретар Живка Коцева Караџовска. Воедно беа избрани и новиот Извршен и Централен одбор на Форум на жени на ДОМ.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета