Beti Dejanova-Skolka-3

По повод денешниот празник Прочка, Форумот на жените на ДОМ организираше уметнички хепенинг на Школката во Градски парк.

Во таа прилика проф. Д-р Бети Дејанова, носител на кандидатската листа на советници на ДОМ за општина Центар, честитајќи им го на сограѓаните празникот, изјави: Како мајки загрижени за животната средина во која растат нашите деца, се залагаме за еколошки безбедни и проверени материјали од кои се градат градинките и училиштата во кои децата поминуваат значителен дел од своето детство. Ние, жените од ДОМ во општинските совети ќе се залагаме за отстранување на сите вградени материјали за кои е докажано дека имаат штетно влијание врз здравјето на нашите деца (азбестни плочи и тули, стари оловни водоводни цевки итн.) и нивна замена со материјали кои се проверено еколошки и не го нарушуваат нивното здравје. Исто така, идните советнички од ДОМ ќе се залагаат за воведување на еколошка култура во воспитно-образовниот процес зашто искуствата докажуваат дека еколошката свест најуспешно се гради од најраната возраст.

Во рамките на хепенингот беше изведена и мини работилница за рециклирање на пластични шишиња во хранилки за птици, а беше изведена и кратка уметничка програма.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета