forum-na-zeni-bitola-1

Во Битола во присуство на над 230 делегати од сите општински организации на ДОМ се одржа третото Изборно Собрание на Форумот на жени на ДОМ. На Собранието беа избрани новите претставници на органите на Форумот на жени на ДОМ. За Председател на Форум на жени на ДОМ е избрана Д-р Маја Морачанин. Потпредседатели се Бети Дејанова, Силвана Кржовска и Жанета Станоевска, за секретар Д-р Тања Ѓуковиќ, а за Организационен секретар Живка Коцева Караџовска. Воедно беа избрани и новиот Извршен и Централен одбор на Форум на жени на ДОМ.

Во Битола во присуство на над 230 делегати од сите општински организации на ДОМ се одржа третото Изборно Собрание на Форумот на жени на ДОМ. На Собранието беа избрани новите претставници на органите на Форумот на жени на ДОМ. За Председател на Форум на жени на ДОМ е избрана Д-р Маја Морачанин. Потпредседатели се Бети Дејанова, Силвана Кржовска и Жанета Станоевска, за секретар Д-р Тања Ѓуковиќ, а за Организационен секретар Живка Коцева Караџовска. Воедно беа избрани и новиот Извршен и Централен одбор на Форум на жени на ДОМ.

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска пред делегатите и медиумите по повод Изборното Собрание истакна : ДОМ продолжува со позитивна мисла и со позитивна кампања да ја реализира својата Програма. Она што ни е многу значајно е родовата еднаквост и тоа е една од задачите кои пред себе ги има Форумот на жени на ДОМ. Досега имаме една цела серија успешно реализирани иницијативи, тука е пред се законското регулирање на мобингот, унапредување на борбата против семејното насилство, борбата против женските болести, посебни мерки на ранливите групи посебно на лицата со хендикеп за што и инсистиравме да се ратификува Конвенцијата на ОН за правата на лицата со посебни потреби, специјална поддршка од државата за женското претприемништво за жените да можат да си ја обезбедат својата егзистенција и да се спасат од сиромаштија. Сите овие заложби се произлезени од Форумот на жени на ДОМ и во најголем дел се успешно реализирани. Ние секогаш настапуваме За нешто, се бориме За нешто, што ни дава сила, спокој и конечно дава резултати.

Ние ќе продолжиме со започнатите активности, оние кои во изминатиот период не ги завршивме, а ќе отпочнеме и нови. Во наредниот четиригодишен период главни приоритети ќе ни бидат остварување на родовата еднаквост, зголемено политичко ангажирање и политичка активност на жените, економско јакнење што ни е и врвен приоритет во наредните години. Секако нема да ги запоставиме грижата за поефикасно образование, социјална и здравствена грижа, а особено внимание ќе посветиме на грижата за децата и младите која е извонредно значајна и бара сериозен пристап. Ние сме подготвени и ќе работиме овие приоритети со успех да ги реализираме – рече новоизбраната Претседателка на Форумот на жени на ДОМ д-р Маја Морачанин.

forum-na-zeni-bitola-2

Програмските определби на Форумот на жени на ДОМ се базирани врз Зелената политичка идеологија која ДОМ ја имплементира во својата политичка програма и активности

1. Постигнување родова еднаквост
• Родова еднаквост со подеднаква видливост на учеството на двата пола во сите сфери на приватниот и јавниот живот.
• Oбезбедување на поголема понуда на идеи и решенија со цел создавање на избалансирано и хармонично општество.
• Практично функционирање на принципот на родова рамноправност, со целосна имплементација на правата на жените како човекови права и елиминирање на сите форми на дискриминација на жените.
2. Активно учество на жените во политичкиот живот 
• Едукација и поттикнување на жените за учество во политиката
• Промовирање на женските граѓански и политички права
• Промовирање на постигнатите ефекти како резултат на активноста на жените-политичари
• Измени на Изборниот законик со отворени листи и квоти за градоначалнички
3. Економско јакнење на жените 
• Поттикнување на деловен успех, деловна култура и деловна етика на жените
• Развивање на мерки за активна улога на жените на пазарот на трудот со фокус на “озеленување” на националната економија и создавање нови “зелени” работни места
• Поголема застапеност на жени-менаџери, управители и претставници во управни и надзорни одбори
• Обезбедување на различни форми на поддршка на жените при оснивање приватни фирми
• Промоција на жени успешни претприемници
• Формирање на фонд за поддршка на неформалниот бизнис сектор (традиционална храна, занаети, ракотворби)
• Достапни едукации од областа на бизнис, менаџмент и маркетинг
• Обезбедување баланс на приватниот и професионалниот живот на жените со овозможување повеќе опции за флексибилно работно време по избор на жените (скратено работно време, работа во одредени денови), подолго породилно отсуство- 12 месеци, целодневна работа на градинките и други мерки.
• Спречување на мобинг на работното место
4. Социјална грижа за жените 
• Борба против семејното насилство
• Борба против стереотипите и предрасудите
• Грижа за ранливите групи (стари лица, лица со посебни потреби, деца без родители, самохрани мајки) преку изградба на повеќе домови за стари лица, прифатилишта за самохрани родители и жртви на семејно насилство, воведување волонтерска работа во вид на проектна активност во средните училишта за посета и помош на лица кои имаат потреба, ресоцијализација на ранливите групи.
5. Здравствена заштита на жените
• Здравствена едукација на жените
• Обезбедување на задолжителна примарна здравствена заштита во руралните средини
• Унапредување на превенцијата, раната дијагностика и лекувањето на сексуално преносливите болести
• Подобрување на раното откривање и третманот на ракот на матката и ракот на дојката
6. Образование и наука на жените
• Кампањи за потребата за образование на жените
• Обезбедување на неформално образование за индивидуи со незавршено задолжително образование
• Организирање на курсеви, семинари и работилници за стекнување одредени вештини со цел за полесно вработување
7. Грижа за децата и младите 
• Овозможување бесплатна здравствена заштита на децата и младите до 18 годишна возраст
• Кампањи за потребата за образование на децата, особено во руралните средини
• Имплементација на стратегија за воспитување и обука на децата и младите и нивно насочување кон вистинските вредности за соодветна интеграција во општеството
• Континуирана едукација на децата и младите за превенција, препознавање и санкционирање на малолетничката деликвенција
• Сексуално образование на младите
• Поттикнување и поддршка на децата и младите да се занимаваат со спорт
• Различни форми на стимулирање на посебно надарени, успешни ученици и спортисти

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета